Зад смената на управните и надзорните одбори се крие блокада на институциите

Новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев продолжува со брутална партизација на државата. Владата на вчерашната седница усвои решенија за разрешување на членовите на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, јавните здравствени установи, јавните установи за социјална работа, агенции и други правни лица.Непочитувајќи ги законите, Владата Владата продолжува со противзаконски разрешувања на управни и надзорни одбори. Ова претставува прекршување на законот, бидејќи членовите се со мандат, а Владата со урамниловка ги разрешува членовите на управни и надзорни одбори, со што го крши основнот правило во демократијата, мандатот.
Според достапните информации, станува збор за смена на повеќе од 800 членови на овие тела, или попрецизно 720 членови на управни одбори на компаниите и 160 други во надзорните одбори. Покрај тоа, има околу 160 луѓе во одборите на директори, како и дополнителни 400 кои членувале во разни комисии.
Исто така, одлучено е да се отповикаат членови на комисии и членовите на секој надзорен одбор и одбори на директори од акционерските друштва во државна сопственост, а за регулаторните тела да се достави предлог за разрешување на управните одбори до Собранието на Република Македонија.
Зад смената на управните и надзорните одбори се крие блокада на институциите со цел пополнување на истите со партиски војници. Наместо професионализација како што СДСМ најавуваше, јавноста е сведок на целосна партизација . Колку за пример, Заев за прв човек на  Агенцијата за администрација спротивно на Законот постави член на Извршниот одбор на СДСМ.
-Повеќе од 9 милиони денари секоја година е висината на платите на годишно ниво само за последните 13 советници на Заев вработени во еден конкурс. Оваа сума е неколку пати повисока кога ќе се пребројат сите вработувања на соросоидите кои дивееа по улиците лажејќи дека биле коректив на власта, а целта им беше да седнат по фотелји на државна сметка – и тоа денес им е јасно како ден. Заев овие одработувачи и профитери ги награди за нивната манипулаторска и вандалска улога во општеството. Невладиниот сектор кој беше приватизиран од СДС, сега отиде под стечај и ќе биде ликвидиран, а сметката за тоа ќе ја плаќаат граѓаните со десетици милиони денари годишно плата за насилните демонстранти кои некогаш се претставуваа како граѓански активисти, реагираа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму потенцираа дека овие пари наместо да се искористат за пониски цени на лекови, нови спортски сали, игралишта и градинки – ќе се користат за плаќање на фактурите на Заев кон предизборните профитери кои му слугуваа на неговиот интерес.
-Ваквите вработувања по методот „Од чистачка до министер“ на Заев, метод кој како евангелист насекаде каде оди го шири Курто Дудуш, се ништо повеќе од најгруб и веќе виден обид на СДС да ја партизира и приватизира државата. Казната за ваквите партиски вработувања доаѓа редовно, а СДС ќе ја искуси веќе на првите наредни избори, порачаа од ВМРО-ДППМНЕ.

Во Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2006-та година, имаше жестоки реакции кога тогашната влада направи ваква масовна смена, каква што вчера спроведе новата влада.  Во извештајот беше нотирано дека механизмите за подобрување на професионализмот и одговорноста, како и гарантирањето на независноста и политичката неутралност треба целосно да се спроведат.
-Единствената одлука донесена во септември да се заменат голем број од службените лица во министерствата и државните органи покажа дека политичките промени сè уште имаат големо влијание. Овие одлуки влијаат врз службениците во администрацијата поставени на високо и средно раководно ниво и се спротивни на системот за унапредување врз основа на заслуги. Спроведувањето на етичкиот кодекс за државни службеници треба и понатаму да се зајакнува. Агенцијата за државни службеници и понатаму треба да се зајакнува за да може да ја врши својата улога во оценувањето на работата на државните службеници и во дисциплинските постапки, стоеше во Извештајот.Непочитувајќи ги законите, Владата Владата продолжува со противзаконски разрешувања на управни и надзорни одбори. Ова претставува прекршување на за

Пронајдете не на следниве мрежи: