ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОБАЈТЕ: Потпечен леб со лук и сирење…

Потпечен леб со лук – неверојатно вкусно. Задолжително пробајте.За негова подготовка ви е потребно:
100 гр. путер
3 главици лук
2 супени лажици маслиново масло
1 векна леб (400 гр)
2 супени лажици исечкан магдонос
200 гр изрендано тврдо сирење (или пармезан)
сол и бибер
Подготовка:
1. Оставете го путерот на собна температура да омекне.

2. Исечете ги врвовите на главицата лук така што ќе се видат врвовите на секое чешне. Во тавче ставете хартија за печење а на неа алуминиумска фолија. На фолијата ставете ги главиците лук и попрскајте ги со маслиново масло. Печете во рерна половина час на температура од 200 степени

3. Кога лукот ќе се излади, исчистете ги чешнињата од лушпата и крупно насецкајте го.

4. Изрендајте го сирењето и магдоносот. Помешајте го магдоносот, лукот и сирењето со путерот.

5. Исечете го лебот на кришки и секоја кришка намачкајте ја со смесата.
Печете во загреана рерна (на 250 степени) 4-5 минути.
Добар апетит!
Совет плус: Како да го омекнете путерот од фрижидер побргу?
Наполнете чаша со врела вода и оставете ја да одстои некоја минута за да се загрее стаклото. Истурете ја водата и ставете ја чашата завртена кон долу преку путерот (поклопете го со загреаната чаша). Ќе омекне за миг!За негова подготовка ви е потребно:
100 гр. путер
3 главици лук
2 супени лажици маслиново масло
1 векна леб (400 гр

Пронајдете не на следниве мрежи: