Заев ги излажа вработените од „Колска“, излегоа на штрајк и го блокираа железничкиот сообраќај

Вработените во велешката фабрика за шински возила изутринава го блокираа железничкиот сообраќај. Тие револтирани од игноранскиот однос како што велат го има кон нив Владата најавениот штрајк го реализираа на железничката станица во Велес. Во временски период од 7 до 9 часот три патнички возови беа сопрени.Вработените се уште ги чекаат заостанатите плати, иако со слатките зборови на Заев уште пред три месеци им беше речено дека „презема обврска уште денеска да почне решавањето на проблемот на вработените кои шест месеци немаат земено плата, а ќе се изнајде и трајно решение за статусот на фабриката“.
-Немаме плата, немаме здравствено осигурување, никој не ја сваќа нашата мака сериозно ,одиме во Влада ни ветуваат дека проблемот ке с ереши но решение нема, велат работниците.
 
Ветувањето Заев им го даде на 27 јуни, при посета на фабриката, а до ден-денеска работниците не добиле ниту денар.

Слободан Димитриевски, синдикален лидер, вели дека седум плати на вработените не им се исплатени. На последната средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев добиле ветување дека работите ќе се средат, имало дури и одлука на Влада за доделување на финансиски средства со кои ќе можело да се поделат две плати но и да се набават репроматеријали за да продолжи процесот на поправка на вагоните, но до денес тоа не се случило.
Овојпат работниците велат дека се одлучни, штрајкот нема да биде прекинат се додека не се реши нивниот проблем и исплатат платите, велат знаеме дека жиро сметката на фабриката е неликвидна, но помина многу време откако новата Влада рече дека ќе го реши тој проблем. За утре најавената блокада е зголемена за еден час или од седум до десет.
Фабриката за шински возила, е државна компанија со 125 вработени лица.
 Вработените се уште ги чекаат заостанатите плати, иако со слатките зборови на Заев уште пред три месеци им беше речено дека „п

Пронајдете не на следниве мрежи: