Заев ги обвини ИРИ и БРИМА ГАЛУП за лажирање анкети

На денешната конфузна и на моменти апсурдна прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев во еден момент рече дека „според анкетите, СДСМ води“.Заев не кажа на кои анкети мисли, но сигурно не мисли на анкетите на ИРИ и Брима Галуп на кои ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ.
Според резултатите од анкетите на овие реномирани институти, ВМРО-ДПМНЕ има голема предност пред СДСМ.  Доколку се издвојат одговорите на Македонците кои биле дел од ова испитување на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема предност пред СДСМ. 39,6 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 19,3 отсто за СДСМ. Ова се резултатите од последната анкетата што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп.
Двојно поголема е довербата на граѓаните на Македонија во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од довербата која ја ужива лидерот на СДСМ, Зоран Заев.  20,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека најмногу му веруваат на Никола Груевски, а само 10,2 имаат доверба во Зоран Заев.
Покрај ова апсурдно тврдење, Заев денес исто така соопшти и дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, иако сите знаат дека и на 24 април и на 5 јуни токму СДСМ направи се што е во негова моќ само за да се одложат изборите и граѓаните да немаат прилика расположението кое Брима Галуп и Ири точно го утврдуваат, да го преточи во конкретен изборен резултат и убедлива победа.
 Заев не кажа на кои анкети мисли, но сигурно не мисли на анкетите на ИРИ и Брима Галуп на кои ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: