Околу 70 илјади снимени разговори на политичари и граѓани се пронајдени во еден од компјутерите на осомничените за фалсификуваните лични карти, откриваат извори од истрагата. Постојат и индиции дека осомничените се договарале снимките да ги продадат во странство, а веќе дел од нив бил договорени да се објавуваат на порталот на македонски новинар во Србија, пишува весникот „Дневник“ во денешното издание.Снимките биле пронајдени во фолдер кој бил креиран во септември оваа година, а кој бил со наслов „СДСМ-Заев“, велат изворите. Вчера, пак, во јавноста, покрај досегашните фотографии на техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, се појави и фотографија на Заев со првоосномничениот од аферата, Захир Бекири – Чауш, во седиштето на СДСМ.
Сето тоа укажува дека снимките од неовластеното прислушување пронајдени кај Чауш, неговиот брат и третоосомничениот Аднан Сума се оние што ги поседува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ако е ова така, дали се отвора можност за нови кривични пријави против лидерот на СДСМ за тоа што ги предал снимките и нивната содржина ја открил пред трети лица? Kој во тој случај би ги гонел Заев и фалсификаторите и колкави се казните за ваквото дело?
Kривичниот законик предвидува казни за предавање снимки од неовластено прислушување трето лице. Но колкава ќе биде казната (до една година или до пет години затвор) и дали гонењето ќе се преземе по приватна тужба или, пак, Јавното обвинителство ќе поведе обвинение по службена должност, зависи од тоа кога снимките се предадени на Чауш и неговата група поради последните законски измени во ноември токму на овие одредби.
Наместо на Јанева, снимките дадени на ЧаушЗаев не само што цела година тврди дека поседува снимки, туку и тврдеше дека ги чува внимателно, дека нема да ја наруши нивната доверливост и дека ќе ги заштити разговорите на 20.000 граѓани. Во неколку наврати повторуваше дека снимките ги имаат и слушаат само тој и тесен круг негови најблиски соработници од доверба. Тој веќе еден и пол месец одбива да ги предаде снимките на специјалната обвинителка Kатица Јанева како надлежна за нив со образложение дека бара посебни безбедносни мерки за нивно чување откако претходно одби да ја исполни обврската од Пржино снимките да ги предаде на надлежен обвинител веднаш по враќањето на СДСМ во Собранието. Токму завчера од пред судот рече дека тој и само тој знаел како се чуваат вакви снимки.
Но, по с` изгледа, најголема доверба да ги чува снимките имал во Чауш.
Kој во ваква ситуација ќе ги заштити граѓаните чија приватност дополнително е повредена? Kој ќе ги спречи идните уцени што може да бидат правени од оние што ги поседуваат снимките на Заев? Kој ќе одговара што снимките останаа во приватни раце наместо досега да беа одземени, проверени, а приватните снимки веќе да бидат и неповратно уништени од страна на надлежна институција?
„Дневник“ веднаш по донесувањето на Законот за заштита на приватноста, со кој наводно требаше да се спречи ваквата појава, тврдеше дека овој закон е катастрофално неефективен и не се обезбедува вистинска заштита на граѓаните, туку ги заштитува криминалците. Посебно што, освен одредбата за предавање на снимките, што не се почитува, неговата примена почнува по шест месеци од стапувањето во сила на 10 ноември. Тогаш пишувавме дека малите казни до една година затвор за оние што поседуваат, предадат или објават снимки по донесувањето на законот, може да биде стимул оној што поседува вакви снимки сепак да се реши да ги објави или, пак, за пари или друг интерес да даде друг да ги објави. Тоа и се случи.
Останува да се види дали Јанева ќе собере храброст да ги одземе материјалите по 14 јануари кога приближно истекува законскиот рок според Законот за кривичната постапка Заев да ги даде снимките што таа веќе и официјално му ги побара.
Снимки дадени пред и по 20 ноември
Од друга страна, пак, Kривичниот законик во членот 151 став 2 предвидува казни за предавање и објавување снимки од неовластено прислушување. До последните измени на оваа одредба во средината на ноември со казна до една година затвор се казнуваше оној што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана. Гонењето за ова кривично дело беше по приватна тужба. Токму тоа што делото се гонеше приватно беше главна причина поради која Заев и покрај тоа што објавуваше снимки во јавност не беше кривично гонет за тоа. Од средината на ноември, пак, за ова дело казната е построга и изнесува од една до пет години, односно најмалку четири години доколку станува збор за службено лице, а гонењето е по службена должност.
Според тоа, ако фолдерот „СДСМ-Заев“ со снимките во компјутерот на криминалците бил креиран во септември, може да се претпостави дека предавањето на снимките настапило тогаш. Но ова не ја исклучува можноста во фолдерот да се додавани снимки и по септември, па дури и во текот на ноември и декември. Изворите од истрагата велат дека с` уште не е направена анализа кога снимките се ставани во фолдерот. Правниците велат дека за оние снимки што се добиени пред средината на ноември ќе важи старото решение со гонење по приватна тужба, а за снимките што се дадени по средината на ноември тој што ги дал ќе се гони по службена должност и ќе се соочи со казна до 4 години затвор. (Р.Д.)
Заев: Истражните органи да кажат какви материјали се нашле
Провладините медиуми рекоа дека материјали од прислушуваните медиуми биле пронајдени кај осомничени лица. Ако е точно, барам истражните органи да кажат какви материјали се нашле, изјави вчера попладне лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.
Тој смета дека премиерот Никола Груевски сега преку пропагандата се обидува да се спаси од специјалното обвинителство и од Анкетната комисија.
– Го прават истото сценарио како кога почна проектот „Вистината за Македонија“. Може да реагираат колку сакаат, но „Вистината на Македонија“ ги покажа вистинските криминалци. Јавноста знае дека јас лично ги повикав граѓаните што поседуваат какви било материјали и докази да го достават до мене, до медиумите. Се гледам со сите што се охрабруваат да помогнат во разобличувањето на оваа криминално-корупциска власта – изјави Заев.
Kомуникацијата со некого не значи амнестија
За тоа дали е спремен на оставка или, пак, каков и да е коментар за информациите од истрагата три дена молчеше и Спасовски, за вчера да изјави дека истрагата е повеќеслојна и треба да се почека да заврши во целост.
– Имам контакт со многу граѓани и од оваа позиција и од претходната и тоа не е важно. Се води истрага против секој што направил криминал или е осомничен. Тоа со кого јас сум контактирал, не амнестира никого, ниту мене. Времето на медиумски хајки заврши. Доаѓа време на законски и професионални истраги – изјави министерот.
Од саботата кога Јавното обвинителство објави дека на две локации во Скопје се пронајдени докази за фалсификувани документи и тројца осомничени за тоа, не стивнуваат информациите за поврзаноста со „Бихаќска“. Првин излегоа фотографии на осомничените со Спасовски, а потоа и докази за нивна меѓусебна комуникација.
Оставка на Спасовски? Во ниту еден случај
Во ниту еден случај! Ова е одговорот на Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, за тоа дали партијата и пратениците од оваа партија размислуваат да побараат оставка од својот сопартиец Оливер Спасовски од местото технички министер за внатрешни работи поради информациите за негова поврзаност со криминалната група со фалсификуваните лични карти.
Прашањето за политичка одговорност на Спасовски го отвори и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Антонио Милошоски во името на членовите од ВМРО-ДПМНЕ на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето побара како сведоци пред ова тело да се појават Зоран Заев, но и Спасовски и првоосомничениот во оваа афера, Захир Бекири, за да ја објаснат меѓусебната поврзаност.Снимките биле пронајдени во фолдер кој бил креиран во септември оваа година, а кој бил со наслов „СДСМ-Заев“, велат изворите. Вчера, па