Заев: Ја прифативме методологијата за Избирачкиот список

Лидерот на СДСМ Зоран Заев потврди дека ја прифатиле методологијата за прочистување на Избирачкиот список што ја предложи Државната изборна комисија, пренесе МИА.– Ја прифативме методологија за прочистување на Избирачкиот список што ја предложи Државната изброна комисија затоа што не сакаме некој да каже дека ние го кочиме процесот. Напротив ќе докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прават тоа, рече Заев по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК) Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи – ДПА Зијадин Села.
Додаде дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори.
– ВМРО-ДПМНЕ јасно настапи дека нема да го прифати предлогот на меѓународната заедница за реформи во медиумите. Вчера владејачката партија официјално достави информација до ДИК дека ја прифаќа методологијата, па и ние го сторивме тоа за да не кажат после дека ние го кочиме процесот и го одолговлекуваме одржувањето на изборите. СДСМ сака брзи избори, но тие мора да бидат фер и демократски, истакна претседателот на СДСМ.
Методологијата, како што појасни, е неопходна за ДИК да може да работи на прочистување на списокот на гласачи.
– По ова ќе докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се тие што сакаат да го кочат процесот. Ќе видите како на преговорите за медиумите ќе опструираат и намерно ќе одложуваат за да не дојде до избори, рече Заев.
На новинарско прашање Заев одговори дека не постои можност меѓународната заедница на 20 февруари да излезе со став дека условите за фер избори на 24 април се исполнети затоа што законски нема доволно време да се прочисти списокот.
Според него, потребни се од 85 до 90 дена да се прочисти Избирачкиот списокот за тој да може да биде ставен на увид на гласачите. Во врска со тоа додаде дека доколку изборите бидат на 24 април, тогаш списокот треба да се затвори до 5 март, а дотогаш нема доволно време.
– Се надеваме дека овие услови ќе се исполнат за да може и опозицијата да учествува на избори, истакна претседателот на СДСМ.
И Мемеди и Села сметаат дека изборите не смеат да се одржат без да се решат битните проблеми во државата.– Ја прифативме методологија за прочистување на Избирачкиот список што ја предложи Државната изброна комисија затоа што не сакаме некој да ка

Пронајдете не на следниве мрежи: