Заев конфузен и за надворешната политика, бранењето на македонскиот идентитет за него е провокација

Новиот македонски премиер Зоран Заев, вечерва одговарајќи на прашања на уредниците на македонските телевизии на МРТВ искажа низа конфузни ставови поврзани со надворешната политика, притоа јавно ретерирајќи од бројни предизборни ветувања.Блед, неубедлив и невпечатлив настап имаше вечерва на националната телевизија претседателот на СДСМ. Изразените ставови на Заев беа посебно конфузни во однос на надворешната политика.
Заев рече дека новата влада немало да прави провокации кон Грција, надевајќи се дека со тоа јужниот сосед ќе се согласел да прифати Македoнија да влезела во НATO како ФИРОМ.
-Новата Влада ќе се заложи да ги подобри односите со Грција и да овозможи нашиот јужен сосед да се согласи да прифати Македoнија да влезе во НATO под привремената референца. Немаме намера да правиме дополнителни провокации кон Грција. Треба да се прави нешто што нема да отвора нови рани, рече Заев и додаде дека спорто можел да се реши ако немало провокации од македонска страна.
Познавачите коментираат дека ваквиот став на Заев значи дека тој се откажува од историјата на која почива македонскиот идентитет.
 

-Според јавно кажаното, властодржецот се откажува од историјата на која почива македонската посебност и идентитет. Тој ја разбира како провокација, пишува на социјалните мрежи новинарот Наум Стоилковски.Блед, неубедлив и невпечатлив настап имаше вечерва на националната телевизија претседателот на СДСМ. Изразените ставови на Заев беа посебно конфузн

Пронајдете не на следниве мрежи: