Заев не ја призна оставката на Камерон, најавени се протести во МУРТИНО против Брегзит

Лидерот на СДСМ Зоран Заев одлучно одби да ја прифати оставката на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој утрово одлучи да се збогува со функцијата после успешниот референдум за излез на Британија од ЕУ.– Тој човек не е нормален, нема друга алтернатива за никого освен ЕУ. Ако луѓето биле луди што гласале за излез од ЕУ тој треба да знае подобро од нив и да не ги признава резултатите од референдумот. Не е можно некој да гласа за излез од ЕУ, па тие човеци се прости, па ние толкуцка многу сакаме да влеземе во ЕУ. Кој будала сака да излегува?, јавно праша Заев.
– Ова е уште еден одличен показател и одговор дека некои прашања не заслужуваат одговор. Најубаво че си направеше Камерон ако повикаше на бојкот на референдумот па така го пропаднеше, како ние за територијалната прераспределба што направивме. Од кај знаат луѓето како да гласаат? Многу знае тај енглезо стар шо значи ЕУ за целио свет и за нас во Македонија, додаде тој.
Лидерот на опозицијата изложи и конкретен план за останување на Британија во ЕУ:
– Прво КамерОн треба да не го признаве референдумо кој е прашање со каков избирачки список се направил. Па да провере дали случајно не го наместиле референдумо некои странски сили, масони или било кој бидејќи не е можно да не е наместен, јас знам што е најдобро и тоа е ЕУ, ако некој не мисле како мене тоа не е демократски и сигурно има некоја скаламуција тука. Не треба да се признаве референдумо и готово, вели Заев.
– Па ќе направе некој протест, ќе викне луѓе на улица да протестират, ете може Банкинкемска Палата да гу офарбат со шарена револуција и да дадат ултиматум дека додека не мислат како нив сите Британци нема правда, нема мир. Верувајте ми, Господ не ме црпна од нивите за да ме фрле тука ако немал план јас да бидам новио Роберт Шуман, таткото на модерна европа! За да му дадам малку ветар во едра ќе направејме протес во Муртино од дека ме црпнаа за поддршка на големата европска идеја, бидејќи Муртино ќе биде новото срце на Европа, европејскио ерусалим!, заврши претседателот на СДСМ.
Премиерот во оставка на Британија Дејвид Камерон се’ уште не се огласил на повиците на Зоран Заев.
Кромиди Запад
*** Целта е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.– Тој човек не е нормален, нема друга алтернатива за никого освен ЕУ. Ако луѓето биле луди што гласале за излез од ЕУ тој треба да знае подоб

Пронајдете не на следниве мрежи: