Заев останува единствен аболициран политичар, од „најприслушуваниот“ нема снимки, СЈО работи селективно само против власта

По вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов, кој донесе одлука за поништување на помилувањата за 22 лица, како што наведе, сите политички експонирани, најголемата опозициска партија СДСМ и нејзините сателити излегоа со обвинувања за селективна правда, а нивната шарена револуција синоќа маршираше со порака „Селективна правда не е правда“. Сепак, неколку примери што значи селективната правда јасно го покажуваат лицемерието на опозицијата.СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА: Заев останува единствен аболициран политичар
Со вчерашната одлука на претседателлот Иванов за укинување на аболицијата на политички експонираните лица, Заев остана единствениот аболициран политчар во земјава за криминал тежок 8 милиони евра, амнестиран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски.
Со ова, Заев останува единствен кој е помилуван за криминал тежок 8 милиони евра. Иако најави дека ќе бара повлекување на аболицијата за „Глобал“, случајот во кој во 2008 година беше обвинет за злоупотреба на службеното овластување како струмички градоначалник, досега тоа не го сторил .
Заев со уште петмина во средината на јули 2008 година за случајот „Глобал“ заврши во притвор. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра, веројатно, се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.
Се бараше притвор за Едмонд Темелко, а Верушевски се ослободи од притвор
Што значи селективната правда за која обвинува опозицијата покажува и овој пример. Специјалното јавно обвинителство, за кое во јавноста веќе не постојат дилеми дека работи под директен диктата и наредба на Зоран Заев и СДСМ, од една страна неосновано и без никакви докази бараше притвор за единствениот македонски градоначалник во АЛбанија Едмонд Темелко, а од друга страна експресно го ослободи првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски.
-СДСМ го уапси единствениот МАКЕДОНСКИ градоначалник во Албанија. Верушевски на слобода, Едмонд Темелко во притвор? Балансирано, така? Темелко бил МАЛТРЕТИРАН пред очите на мали деца. Типично комунистички. Истата личност што бара притвор за Темелко, пред еден месец бараше ослободување на Верушевски, реагираа тохаш граѓаните.
Сопругата на Верушевски, Соња, веднаш по барањето за ослободување на нејзиниот сопруг од притвор кое го упати Катица Јанева, наместо на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев, со што практично откри дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев која ги исполнува неговите наредби.
-Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ г-динот Зоран Заев, напиша Соња Верушевска.
Како првоосомничен во судскиот случај „Пуч“,  Верушевски се товари за сериозни кривични дела, како незаконско прислушување, шпионажа и насилство кон високи државни функционери.
Законот за медиуми е со европско знаменце, СДСМ сака да донесе диктаторски закон
Законот за медиуми со европско знаменце донесен пред две и пол години, со високи оценки, сега се сака да се смени и да се донесе некаков хибриден закон кој не постои во ниту една друга држава.
Законот за медиуми е донесен пред само две години, на 26 Декември 2013. Овој закон се донесе во преговори на Владата, со Здружението на новинари и Претставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ. По завршувањето на преговорите Дуња Мијатовиќ изјави дека овој закон е еден од најлибералните закони во Европа. Донесувањето на законот беше подржан од Европската Унија и Амбасадата на САД. Овој закон доби Европско знаменце, со што Европската унија потврди дека постојниот закон е согласно европските практики и стандарди.
За овој закон досега немало забелешка во ниту еден извештај на ЕУ, ниту во забелешките и препораките на Прибе, ниту во забелешките на ОБСЕ, ниту во ниедна изјава на висок преставник на ЕУ или САД.
Против носење на нов закон се сите релевантни медиуми во Македонија, Македонската асоцијација на новинари, Асоцијацијата на национални Телевизии, експертската јавност во Македонија, со еден збор сите релевантни фактори во државата кои ги засега оваа проблематика. Ако е така се прашуваме кој и во чие име има право да преговара за законски измани ако новинарите и медиумите се експлицитно против тоа.
Новинарската фела и медиумите се согласни ако веке се прави промена на законот за медиуми, истиот да биде копија на некој од законите на било која европска земја. На ваквиот став дека може да се препише било кој закон од ЕУ, повратниот одговор е дека треба да се направи “уникатен модел“.
И додека од една страна обвнинува за немање на слобода и споменува режим и диктатура, од друга страна опозицјата на терен се однесува диктаторско. Нејзините послушници секојдневно уништуваат, заплашуваат и атакуваат врз слободата на меидуми и поедини лица. Дополнително, опозициските фунционери и поддржувачи не се “симнати“ од телевизиските екрани, што само дополнително потврдува дека обвинувањата за немање слобода, всушност се најголемата лага на опозицијата и граѓаните добро го знаат тоа.
Државата ја прислушувала опозицијата, а нема ниеден разговор од опозиционер
Една од најголемите манипулации на опозицијата секако се тврдењата дека државата била одговорна за скандалот со прислушувањето и ја прислушувала опозицијата. И додека Заев и неговите сопартијци го тврдат ова, во јавноста досега не се појави ниту еден единствен разговор на луѓе од опозицијата. Специјалната обвинителка Kатица Јанева крие колку од снимките од незаконското прислушување, кои ги поседува нејзиното обвинителство, се однесуваат на власта, колку на опозиционерите, а колку на бизнисмени и новинари.
Од „најприслушуваниот” нема снимки
Прислушувањето и објавата на снимките се во средиштето на политичката криза во Македонија која трае веќе две години, а до чија разврска тешко се доаѓа. Токму затоа со пржинските договори беа формирани две тела кои требаше да работат на темата: снимени разговори. Првото беше Анкетната комисија во Собранието, чија работа заврши неславно поради тоа што Петре Шилегов, токму од редовите на СДСМ, а претседател на ова тело, престана да закажува седници. Второто тело е специјалното јавно обвинителство чија надлежност се единствено кривичните дела што произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите. Тоа првично значи да се утврди кој кого прислушувал и зошто. Дали молкот на Јанева да открие колку од снимките се однесуваат на Груевски и неговите, а колку на Заев и неговите, всушност не значи дека таа одбегнува да открие кој прислушувал во Македонија?
Снимките првично ги поседуваше токму Заев. Тој на првите објави тврдеше дека има докази оти повеќе од 20.000 граѓани во земјава биле незаконски прислушувани од власта. Откри дека најприслушувано лице бил токму тој, а потоа неговите функционери во СДСМ и целата опозиција. Меѓу прислушуваните, велеше Заев, често се и новинари и бизнисмени. Единствено, велеше лидерот на СДСМ, немало снимки од Груевски, кој тогаш беше премиер, и од Мијалков, кој тогаш беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тоа, според него, беше крунскиот доказ дека токму тие двајца го договориле прислушувањето.
Заев од себе пушти два-три бенигни разговори, од кои еден со сопствената ќерка, од неговата заменичка Радмила Шекеринска одвај два, од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, ниеден, а на снимките не ги слушнавме ни потпретседателите Александар Kирацовски и Фросина Ременска.
Во јавноста излегоа шпекулации дека најприслушуван бил новинарот Драган Павловиќ – Латас. Сепак, тој не доби папка од Заев со сетот снимки за него. Латас дел од снимките со него ги слушна дури сега, по повеќе од година и пол и тоа незаконски објавени на „Јутјуб”, а за чија правна разрешница с’ уште се чека од обвинителствата. Наспроти тоа, папки со снимки и транскрипти од разговори добија десетина новинари од опозициските медиуми.
“Непристрасноста“ на СЈО- сите отворени случаи се поврзани со лица од ВМРО-ДПМНЕ
И додека Специјалното јаво обвинителство вели дека работи и ќе работело непристрасно и професионално, фактите говорат дека ите случаи кои досега ги отвори Катица Јанева со поврзани со лица од ВМРО-ДПМНЕ. На ова пред неколку дена предупреди и претседателот Ѓорге Иванов, кој во интервју за ФАЦ рече дека СЈО работи селективно сао против ВМРО-ДПМНЕ.
‘Оваа атмосфера на конфликт е дело на Специјалното обвинителство.СЈО истражува селективно само против владејачката партија, рече Иванов.
Прес-конференциите на СЈО личат на политички настапи, со огромна доза на театар, без докази, со однапред подготвени флоскули од нивна страна, веќе се прогласени за виновни луѓе за кои воопшто нема покренато ниту обвинение, а уште помалку да се изјаснил судот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за Телеграф.мк.
– Еве, нема да се занимавам со инсинуации и со аферите што го следат работењето на СЈО, ќе се задржам на неспорните факти. Најпрвин, најголемиот дел од тие обвинители со висок степен на омраза говорат и се однесуваат кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нивните прес-конференции личат на политички настапи, со огромна доза на театар, без докази, со однапред подготвени флоскули од нивна страна, веќе се прогласени за виновни луѓе за кои воопшто нема покренато ниту обвинение, а уште помалку да се изјаснил судот. Нивните активности се апсолутно селективни и се насочени единствено кон една политичка партија, кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека сите се сведоци на тоа како претседателот на СДСМ јавно во медиумите во неколку наврати ги најавуваше следните нивни чекори и активности, и потоа СЈО буквално постапуваше согласно тие најави.
-Сите го видовме ова преку медиумите. Тоа зборува и за нивна тесна поврзаност, координираност и давање инструкции од една политичка партија, а тоа е СДСМ. Како да верува некој во тие луѓе, за кои сите мислевме дека ќе се непристрасни и неутрални. Од она што го дознавам од раководни лица во институциите, освен што се однесуваат крајно арогантно, тие континуирано се служат со закани, и кон раководните луѓе во институциите и кон потенцијалните сведоци, вели Груевски.
Говорат за граѓанско општество, а корумпираат со буџет од 6 милиони евра
За уривањето на Македонија, СОРОС потрошил фантастични 6.000.000 евра наменети за плати и хонорари за главните плукачи и бојосувачи на македонскиот народ, неговата традиција, култура, историја, идентитет. СОРОС со години ја финансира војската на СДСМ која треба да го спроведе планот никој во оваа земја да не се идентификува со Македонија
На платниот список на Фондацијата отворено општество – Македонија, се наоѓаат невладини организации кои добиле 4,5 милиони евра, додека Сорос во Македонија само за свои плати троши околу 1,5 милиони евра за две години. Фондацијата „Сорос“ дневно само на своите вработени, без дополнителните организации кои ги финансира, за плата има 2.000 евра.
Така, со 6 милиони евра, Сорос од организациите кои ѝ се на платниот список создаде војска за тероризирање на државата. На платниот список се имињата на главните хушкачи, кои се претставуваат како „носачи на слободарската идеја против режимот“, меѓу кои има професори, судии, новинари, наводни граѓански активисти, политичари, но и млади луѓе кои со години се подложени на потполно „перење на мозокот“.СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА: Заев останува единствен аболициран политичар
Со вчерашната одлука на претседателлот Иванов за укинување

Пронајдете не на следниве мрежи: