Заев рече дека има докази дека власта стои зад настаните во Куманово, а сега молчи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев завчеравечер на средба со жителите во скопски Kапиштец рече дека „има докази дека врхушката на власт ги организирала кумановските настани“ на 9 и 10 мај минатата година, кога загинаа осуммина припадници на безбедносните сили.„Дневник“ пишува дека дали станува збор само за уште едно пропагандно оружје во пресрет на изборната битка или, пак, навистина првиот човек на најголемата опозициска партија знае, односно поседува некакви докази засега нема одговор од „Бихаќка“.
-„Дневник“ вчера и официјално испрати прашања: за какви докази зборува Зоран Заев, пишани, изјави од сведоци, снимки или нешто друго, и ако тој ги поседува, што со нив сега? Одговор не добивме. Kога станува збор за терористичките напади во кумановската Дива Наслеба, лидерот на СДСМ неколку пати го менуваше и се предомислуваше во своите описи за тоа што, според него, се случи таму во мај минатата година. Па така, своевремено непосредно по настаните обвинуваше дека на 9 и 10 мај, кога покрај осумтемина загинати имаше и повеќе од 30 ранети припадници на безбедносните служби, се случи местенка од страна на власта за да се оттргнело вниманието од неговите т.н. бомби, потсетува весникот.
Подоцна, на настан во Словенија, целосно го промени ставот, односно повеќе не зборуваше дека за кумановска Дива Населба одговорна е власта, туку ги нарече „терористички напади исти како оние во Париз“.
– Случувањата во Kуманово се исто така терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе што влегоа во центарот на Kуманово е повратник од Сирија, тој се борел таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион. Граѓаните Македонци и Албанци на 9 и 10 мај покажаа солидарност и единство. Дел од тие терористи се со муслиманска вероисповед кои дојдоа подоцна, надевајќи се дека ќе добијат поддршка од граѓаните-Абанци што живеат во Kуманово и во Македонија, ќе се солидаризират со нив, и како во 2001 година, можеби ќе предизвикаат конфликт од поголеми размери, рече Заев во Словенија.
На една своја прес-конференција подоцна во Скопје, на новинарско прашање, повторно ретерира, велејќи дека инцидентот во Kуманово го „режира Власта, но имало нови факти кои укажуваат на тоа дека меѓу терористите имало лица кои биле во Сирија“. – Постојат силни индикации дека е монтирано сценарио од страна на власта. Ако новите информации потврдиле дека неколку луѓе имаат свое минато со присуство во Сирија, тоа не значи дека Заев го сменил својот став, посочи Заев на почетокот на декември. По два месеца, во кои се случија многубројни промени на политичката сцена, сега за лидерот на СДСМ повторно вербално оружје е Kуманово. Засега вербално оти од „Бихаќска“ молчат во врска со доказите за кои зборува нивниот претседател. Дали зборовите на Заев ќе останат само тоа – зборови или и нешто повеќе? Искра Kоровешовска
ГИ СНЕМА И „ЦВРСТИТЕ ДОКАЗИ“ ЗА СМИЛКОВСКОТО ЕЗЕРО
Слично како што тој постапи кога со месеци спектакуларно најавуваше дека меѓу неговите бомби има „цврсти докази“ за случајот „Монструм“, односно дека ќе ја обелодени вистината за загинувањето на невините момчиња кај Смилковското Езеро, но семејствата на убиените и целиот народ никогаш не ја слушнаа, останува да видиме. Според молкот во СДСМ и необјаснувањето што Заев точно знае, засега е само извесно дека неговите зборови се само оружје за остварување дневнополитички цели„Дневник“ пишува дека дали станува

Пронајдете не на следниве мрежи: