Заев сака судиите повторно да станат политички извршители на СДСМ

Интегритетот и професионалната независност на судиите мора да се заштити.  Не може судиите да станат политички извршители на СДСМ. Ваков е ставот на експертската јавност по изјавите од СДСМ за генерален реизбор на судиите, што во неколку наврати го најавува нивниот претседател Зоран Заев како приоритет на евентуалната нова влада под негово водство.Правните експерти се јасни и децидни дека е противуставно и незаконски реизбирањето на судиите. Во овој момент и од оваа формално-правна перспектива е јасно дека распуштањето и реизборот остануваат само најава, односно закана. Според претседателот на Судскиот Совет, Зоран Караџовски секое повторување на генерален реизбор на судии, какво што се случуваше во минатото кога СДСМ ја имаше власта, за Судскиот совет претставува закана и мешање во нивната непристрасност и самостојност, но, пред с`, е притисок врз неговата работа како чувар на независноста и самостојноста на судството и угледот на судиите.
Kако што објасни Kараџовски, според она што е одредено во Уставот, а е преточено во Законот за судовите, мандатот на судиите е траен до навршени 64 години.
– Во амандманот 28 од Уставот е регулирана правната позиција на Судскиот совет. Во овој амандман е наведен и составот, колку членови на Советот се од редот на судиите, колку се по функција, колку се избираат од Собранието, колку по предлог на претседателот на државата повторно од Собранието и во овој амандман конкретно и експлицитно е наведено дека мандатот на неговите членови трае 6 години со право на уште еден избор – објаснува Kараџовски.
Експертите коментираат дека сега кога СДСМ имаат мнозинство, ако се обидат пак да разрешуваат судии и да назначуваат свои под плаштот на реформи, најдобри практики и ослободувања, тоа нема да им помине во јавноста како такво, туку како најдиректно, најфлагрантно и најбрутално кршење на демократските процеси и обид за повторно инсталирање на партиски судии заради управување со судската власт.
Целосно партизирање на судството и бирање само на политички подобни судии беше црната дамка што СДСМ ја остави врз Македонија, уништувајќи го целиот правосуден систем во 90-тите години. За само неколку часа, пратениците во Собранието кое беше без опозиција во 1996 реизбраа 617 судии. Истиот период беше проследен со најголемата кражба на општествениот имот, која СДСМ ја нарече приватизација. Ниеден од овие реизбрани судии не покрена ниту една постапка против одговорните за приватизацијата, иако 200.000 луѓе беа оставени на улици, а преку 600 фабрики беа затворени.
Ако СДСМ го направи тоа по трет пат, зошто ВМРО-ДПМНЕ да не го повтори?
Ако сега тоа се повтори, ќе стане јасно дека тоа го прават со цел да се ослободат од сопствените судски процеси, и правејќи од судството повторно партиско судство да вршат прогон на сите свои опоненти. Ако СДСМ тоа го направи по трет пат (1996, 2002 и сега), тоа не само што ќе стане пракса, туку повеќе од сигурно е дека во прва прилика кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство во Парламентот ќе го направи истото и ќе направи нов реизбор.
Тоа според експертите ќе значи дека Македонија ќе се сведе на држава во која секоја нова власт при самото доаѓање ќе ги менува и заплашува судиите. Зошто ако трет пат СДСМ го направи тоа, потоа и ВМРО-ДПМНЕ да не го направи? Сега мнозинството судии во Судскиот совет се избрани на тајно гласање од самите судии во судовите.
Експертската јавност коментира дека судството ќе се подобрува со закони со кои до максимум би се стеснила шансата на судиите намерно или ненамерно да грешат, а не персонално. Ако нема доволно добри закони кои ги ограничуваат судиите во можноста за свесни и несвесни грешки, и новите судии многу брзо ќе почнат со исти грешки како и дел од сегашните или поранешни судии.
Секое подобрување на системот може да се третира како реформа ако е издржано, но не и партиски персонални промени или пак промена на систем за да една партија или коалиција завладее со Судскиот совет и преку него да ги контролира судиите. Во оваа област не постојат најдобри практики, секоја држава има различни или слични системи, но нема најдобри практики.
-А како што излезе со начинот како беше избран новиот парламентарен претседател, нема да биде чудно ако и во случајот на судиите се примени истиот рецепт. Односно, Талат Џафери сега да ја има улогата на сигнален фактор за тоа кој судија ќе може да помине, а кој не. Поинаква шема јас не можам да замислам оти сите релевантни и базични уставни и законски одредби предупредуваат дека генерален реизбор не е можно да биде направен така како што го најавува партискиот лидер на социјалдемократите, пишува новинарот Бранко Ѓорѓевски во својата колумна.
Тој додава дека мандатот на судиите е траен, изборот го врши Судскиот совет, а судиите може да се сменат само поради несовесно и нестручно вршење на судиската функција и потешка дисциплинска повреда.
-Сето тоа се клучни одредби, кои, како држава, сме ги определиле и вградиле во нашето законодавство како резултат на судските реформи правени со учество и надзор на ЕУ за да ги исполниме критериумите за членство. И кога сега идниот премиер ќе каже дека ќе прави нешто сосема надвор од Уставот и законите што постојат во државата, како тоа треба да се сфати? Kако легитимна намера, како правно издржана постапка втемелена на нашите прописи? Јасно дека не треба, но она што треба да н` загрижи не е само намерата на ваквиот упад во судскиот систем. Мене лично повеќе ме загрижува молкот на стручната јавност за ова. Забележува ли некој дека освен што со реакции во јавноста на оваа тема се појавуваат еден поранешен министер за правда, еден актуелен и еден поранешен претседател на Судскиот совет, една професорка по Уставно право и по некој аналитичар и новинар, друг ретко кој да реагира и да се спротивстави на оваа партиска намера. Што тоа значи? Што, всушност, значи молчењето на голем дел на мислечките луѓе во земјава: одобрување, страв од последиците на спротивставувањето, калкулирање со добивање добра позиција во ешалоните на власта што ќе се ослободат? Сигурно дека сите причини се во игра, но прашањето е дали е тоа токму она што како промени треба да го добиеме. Патем, зошто нема ниту една јавна реакција токму од многубројните правни експерти, советници, амбасадори, секретари на амбасадите… кои на секои два-три месеци ни доаѓаат за да ни одржат нови сесии на обуки за наши судии и обвинители за да ги научат и обучат како да бидат независни и да донесуваат непристрасни судски одлуки ослободени од секакви политички влијанија. Или ова се смета за дел од реформите што треба да следуваат и со кои повторно ќе ни се случи изборот на сите судии да се врши за десет секунди и со поглед кон раката на претседателот на парламентот, пишува Ѓорѓевски.
Како се одвиваше реизборот на судии од СДСМ во 1996?
Во 1996 година, во време на една политичка криза, собранискиот состав предводен од СДСМ изгласа над 600 судии на седници каде присуствуваа само пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ „Сојуз на Македонија“, без присуство на тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата, тогаш на чело со Љубчо Георгиевски, одлучила да се повлече од законодавниот дом по фалсификатот на изборите во 1994 година.
Накусо: се работи за избор на судии во време кога целокупната власт и контролата на целиот систем во државата, вклучително и судскиот, е во рацете на СДСМ, тогаш на чело со Бранко Црвенковски.
Тогашната ВМРО-ДПМНЕ, изборот го критикуваше преку соопштенија и вонпарламентарни изјави. Го обвинуваше Црвенковски за манипулации со гласањето на пратениците, тврдејќи дека „партиската подобност на избраните судии била услов селекцијата да падне токму на нив“. ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека потенцијалните судии биле посочувани директно од општинските организации на СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ ја осудува и практиката да се занемаруваат и мислењата на надлежните стручни институции, во случајов на Републичкиот судски совет што тие го формираа и избраа, а да се уважуваат и мислењата на општинските организации на СДСМ, се вели во соопштението до медиумите на ВМРО-ДПМНЕ, испратено на 28 јуни 1996 година, ден по собраниската седница на која се изгласани судиите меѓу кои и Башеска.
Над 520 судии се избрани на 49-та собраниска седница на 27 јуни пред 1996. За само еден ден, пратениците гласаа на експресно брз начин, за секој од овие над 500 судии поединечно. Истиот ден се избрани и претседателите на три апелациски судови, меѓу кои во фотелјата на скопска апелација седна Ленче Софрониевска, која како поранешен член на ЦK на Сојузот на комунистите на Македонија, според ВМРО-ДПМНЕ, беше уште една потврда за ставањето „под партиска капа и идеолошката контрола на судството“.
За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не направи вакви процеси, не менуваше закони за партиски го превземе Судскиот совет, а можеше доколку сака.
Груевски: Заев сака да ги заплаши судиите и да се заштити себеси
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека целта на изјавата на неговиот политички опонент од СДСМ Зоран Заев за промени во судството  е заплашување на судиите и заштита од постапките коишто се водат против него.  Не смее да се случи, истакна Груевски, повторно да завладеат со судството од партиска позиција.
-Многу е јасно  и од авион се гледа дека идејата е да се направи прво заплашување на судиите, а веројатно  во глава има некаква промена со цел да се заштити себеси од постапките коишто се водат против него. Под плаштот дека сака да направи реформи сака во најмала рака да ги заплаши судиите,  а доколку има некаква можност да направи некакви промени за неговите пријави коишто се полни со докази да останат нерешени или пак да бидат решени во негова полза, изјави Груевски кој денеска беше во посета на Кратово каде пред петнаесетина дена во употреба беше пуштена спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“.
Тој потсети дека СДСМ има долга историја на, како што кажа, крупни партиски влијанија во судството.
-Во 1996 година во еден ден назначија 600 судии во Парламентот  во услови кога опозицијата не беше во Парламентот.  Во еден ден сите 600 судии беа изгласани исклучиво по партиска линија, по ургенции  на партиски луѓе или одлука на партиски штаб. Потоа во 2002 година дојдоа на власт по четири години во опозиција, извршија брза измена на Законот за судски совет, го сменија Судскиот совет и започнаа нова тура притисоци и партизирање на судството кое што го направија крајно партиско. Сега зборуваат повторно за некакви нови промени на судиите инспирирани од желбата да се сопрат  постапките што се водат против нив. И како второ да завледеат повторно со судството од партиска позиција. Тоа не смее да се случи во Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна, реизбор на сите судии е невозможен затоа што Законот за судии е двотретински и ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи за реизбор на судиите.
– Секоја друга замисла да се стави партиска капа, партизирање на судството  од страна на СДСМ ќе наиде на жестока реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, а верувам и кај граѓаните. Не е во ред секое мнозинство во налет на доаѓање да менува судии, да заплашува судии, да се заканува со реизбор на судии за да си остварува свои цели. Да ги заплашува судиите и на тој начин да издејствува некакви одлуки во судството што тие ги посакуваат кога направиле одредени кривични дела и сакаат тоа да помине без казна, рече Груевски.

Тој е дециден дека таквото нешто не треба да се дозволи и оти таа пракса на СДСМ мора да запре. Тоа, како што потенцираше Груевски,  не е реформа, тоа е антиреформа.  И тоа е нешто со кое што се сака да се партизира судството.
–Во најмала рака ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство, рече Груевски.
СДСМ подготвува партиска чистка на 5.000 луѓе
Петар Гошев во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма телевизија потврди дека СДСМ ќе спроведе чистка во институциите. „Судството полицијата, образованието мора да се врати на вистинскиот колосек“, вели Гошев.
-Рековме судството полицијата, образованието мора да се врати на вистинскиот колосек мора да профункционира институциите во согласност со Уставот на Република Македонија таков каков што е тоа мора да го направи прво власта нова, тоа се прави со смена на луѓето кои што работеле сосема спротивно од тоа. Се разбира има инсталации на повеќе нивоа и тоа ќе треба да тече како процес, можеби ќе треба три незнам пет илјади луѓе и т.н да бидат променети од позициите кои што сега ги држат и му служеле на фирерот, истакна Гошев во гостувањето во Топ Тема.
Правните експерти се јасни и децидни дека е противуставно и незаконски реизбирањето на судиите. Во овој момент и од оваа формално-правна перспектив

Пронајдете не на следниве мрежи: