четврток, 12 ноември 2026
Најново

Заев со половина влада, советници и телохранители во еден од најлуксузните хотели во Трст

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Зоран Заев за време на самитот во Трст, Италија престојува во луксузниот хотел „Ривиера и Максимилијанс“, пишува порталот Нетпрес.По информацијата до која дојде нашата редакција, пишува Нетпрес, го проверивме хотелот и тоа како е оценет од гостите на познатите интернет портали за органзиација на сместување. Според сведоштвата на веб-сајтот „Букинг“, станува збор за многу луксузен хотел првенствено познат по своите спа, сауна и масажерски услуги.
Од Кабинетот на Владата, за Нетпрес ја потврдија информацијата дека премиерот Зоран Заев, на Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Трст престојувал во хотелот„Ривиера и Максимилијанс“, кој е на 10 километри од центарот на градот.
Во продолжение, погледнете само дел од фотографиите објавени на „Букинг“ од хотелот „Ривиера и Максимилијанс“ за да дознаете во каков хотел одмараат Заев и неговите советници, и со што се релаксираат меѓу две напорни ракувања и фотографирања за фејсбук на состаноците во Трст.

По информацијата до која дојде нашата редакција, пишува Нетпрес, го проверивме хотелот и тоа како е оценет од гостите на познатите интернет портали

Поврзани вести