Заев-Вице-мандеринг: Прекројување на се во врска со изборите

Денес првични детали за предвремените избори и срамното прегласување во Теарце. Првин општата оцена: Македонија победи! Значи, победи народот македонски. Се лаже Заев себеси, а богами на големо ги лаже и другите, дека може да победи во Теарце. 
Победата тој ја испушти пред две недели – на 11 декември 2016 година, кога конечно се одржаа избори на кои народот пресуди кој да управува во негово име. Арно ама Заев вели дека тоа така не може. Народот не знае што прави и затоа тој е тука да му каже што е добро за него. Јас ќе се обидам да ги анализирам губитниците, со цел да им ја претставам вистинската и реалната слика, која им беше пред нос, но попречувани од спин докторите околу нив, не можеа да ја видат. Значи, дали конечно Заев научи дека за време на изборната кампања, тој и тие околу него не смеат да изнесуваат политички небулози, кои се политичка фантастика по содржина, невкусно според однесување и грдо наизглед за една нормална изборна кампања. Ќе менувал устав, ќе воведувал двојазичност на ниво на држава, ќе ја кантонизирал Македонија. Тоа, едноставно нели, не бидува. Зошто? Од повеќе причини. Kако прво: на изборниот инженеринг мејд бај Зоран Заев конечно му дојде крајот. Се најде маж (граѓаните-избирачи во Република Македонија) кој на Заев му рече „НЕ“, за двојазичност, за федерализација, за кантонизација, за измени на Уставот на Република Македонија, имајќи во предвид колку луѓе гласаа за него и СДСМ, а колку за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Му беше дозволено с` да прекрои според своите желби: ДИK, Избирачкиот список, медиумите и изборната кампања, се со цел сигурно и конечно да победи. Тоа, да. Но, тој, и со тоа, а богами и со купување големи контингенти албански гласови, не победи. Ама редефинирање на Република Македонија, не, најн, јок, ноу, но, охи. Не за кантонизација, не за федерализација, не за промена на уставот на Република Македонија. Тоа му го испеа хор од 454.519 граѓани во Македонија, зајакнат со уште 5.044 иселеници во странство. Тоа значи дека некој друг(ВМРО-ДПМНЕ) освоил 51 мандат, а не СДСМ и коалицијата, како што труби и лаже на сите страни Зоран Заев. Демек тој бил победник. Kога 49 ќе биде поголемо од 51, тогаш, конечно и тој ќе биде победник на едни избори. Е добро каде го има тоа? – Никаде, па нема да го има ниту во Македонија. Второ: Тоа ми личи на прекројување на с` во врска со изборите и состојбите и односите во Република Македонија, па дури и прекројување на резултатите кои се егзактни, јасни и точни. Гледам Заев учел од негативни примери од САД. Своевремено, поточно во 1812 година, гувернерот Гери во Масачусетс, направил невиден изборен инженеринг, денес познат како Геримандерлинг – прекројување на изборната единица во вид Саламандер, и оттаму Геримандерлинг(Гери + Саламандер), во инг- форма е Геримандерлинг. Kај нас тоа би можело да се нарече Заев-Вице-мандерлинг (Заев, бидејќи политички ги миксува работите до состојба на неприродно, а Вице, бидејќи тој од заднина крои со парите за црквата).
Значи, едно е да прекројуваш, изборен закон, државна изборна комисија, изборна кампања и медиуми. Ама да прекројуваш изборни резултати за дополнително да ја прекројуваш и редефинираш Република Македонија, тоа е нешто друго. Не е дозволено, едноставно не може. Затоа, Заев има да прекине со овој Бастардитет. Тоа е практикување на одложена/суспендирана демократија. Готово е. Тоа не бива и не успева. Инаку суштината на бастардизацијата на Заев се состои од три фази: Прва, барање за нови предвремени избори, Втора, кога треба да се определи датумот на одржување на истите, тој, сам и своеволно констатира: Нема услови за одржување на фер, слободни, демократски и кредибилни избори. И повторно менување на закони, состав на Влада, министри и што ли не?! И трета, кога ќе се дојде до избори, и ќе отпочне изборната кампања, оп и ете ти го Заев, поголем Албанец, од Албанците(како поголем католик од папата), ќе освојувал повеќе албански гласови од сите партии на Албанците, ќе бил прв по освоени гласови во албанскиот кампус. Ашколсун бре! Ајде да го видиме и тоа! Па го видовме – не бидува. Kампањата заврши, изборите се скоро готови(денес се прегласува во Теарце, или поточно Заев и неговите рибари ловат човечки души), а Заев не прекинува со праксата, водење политика според бинарната „или –или“, која е логика на исклучивост, и е иманентно застапена во хамлетовското „Да се биде или не“. Ама тој не е крив, па Герчо и дружината така го сов
етуваа цели две години. Не знам има ли таму паметен советник да му шепне дека постои и политика заснована на поливалентната „И…И“ логика и филозофија, и дека тоа е таа вистинската инклузивна политика, што треба еден лидер на опозиција да ја води. Ама, очигледно тоа е и алката која редовно му недостасува на Заев во неговите политички пресметки со противниците. Ние правниците би рекле, условот кој недостига (Condicio sine qua non) за една толку посакувана и долго очекувана изборна победа. Епа сега нека виде кој тоа му го смести, едно да краде изборни кампањи, второ, да води политика „Или..Или“, трето да поткупува членови на ДИK и судии на Управен суд, и четврто да малтретира и понижува Македонци, Албанци и Турци, жители на Теарце.
Без разлика дали нешто прегласувањето ќе промени, тој е губитник по не знам кој пат. Збор, два и за упатените навреди на политичките противници, од типот „Луѓе-нелуѓе… во ВМРО-ДПМНЕ сите се корумпирани…Груевски е криминалец, бандит и мафијаш…“, а особено на избирачите „При очи да сте слепи, при уши да сте глуви, при уста да сте неми….Грдото лице на Македонецот…“. Со навреди и грубости да се победи (ако може), не бидува. Не е фер и недостоинствено е тоа. Тоа е приземен трик, чии алатки се: зајадливоста, злобата, грубоста, безобразноста, бескрупулозноста. Сите тие во дебатата, дијалогот и натпреварот со политичкиот противник се употребуваат кога некој е во безизлезна состојба, губи, има чувство на инфериорност, добива комплекс на помала вредност, и преоѓа на приземно и лично ниво, ја напаѓа личноста на противникот користејќи навреди и најразлични грубости. Ист случај како Заев во изборната кампања. И сега најлошото: Се работи за природната расипаност на човечкиот род (Артур Шопенхауер) и за расипаноста на човечката душа (Достоевски). Заев во кампањата ни велеше дека мајка му го учела ова, го воспитувала она, ама изгледа ништо не го научила, или поточно, тој ука не фатил.
Сотир Костов за Дневник

  
Победата тој ја испушти пред две недели – на 11 декември 2016 година, кога конечно се одржаа избори на кои народот пресуди кој

Пронајдете не на следниве мрежи: