Тори Ерл (18), загинала во сообраќајна несреќа, откако нејзиниот автомобил се судрил со камион и тоа два часа откако ја добила возачката дозвола.Имено, Тори го положила возачкиот испит во четвртокот, кога ја доживеала и сообраќајната несреќа во која и нејзината пријателка Кендал Ли Бурк, го загубила животот. Двете девојки починале на лице место.
Се смета дека нивниот автомобил со марка „Сузуки Баен“, бил удрен додека се престројувале во друга лента, па така се нашле на патот на камионот на магистралата Њу Ингланд во Австралија.
„Беше возбудена. Едвај чекаше да им ја покаже возачката дозвола на пријателите, но и нам, нејзиното семејство“, рекол нејзиниот брат Гери Ерл.
„Беше многу горда што ја доби возачката дозвола. Тоа беше нејзиниот најсреќен ден во животот“.
„Тие штотуку почнаа да ги живеаат своите животи. Никогаш ја немав видено Кендал толку среќна. Цел живот беа пријателки, а неодамна почнаа и заедно да живеат. Тори скоро ја загуби и нејзината мајка. Навистина не можам да замислам дека Кендал повеќе нема да се врати“, рекла бабата на Кендал.
Пред неколку месеци, на истото место загинале двајца тинејџери, а биле пријатели на Кендал и Тори.
Имено, Тори го положила возачкиот испит во четвртокот, кога ја доживеала и сообраќајната несреќа во која и нејзината пријателка Кендал Ли Бурк, го