Дваесетгодишниот Рики Такер од Детроит загина во сообраќајна несреќа додека се брзал да стигне во болницата во која се наоѓало телото на неговата сестра 21 годишната Бренда која претходно извршила самоубиство.Само шест месеци претходно Рики во самоодбрана го убил својот очув со огнено оружје. Несреќата се случила околу два часот утрината, кога возилото на Такер минало во спротивен правец и се удрил со возило кое доаѓало од другата страна. Возачот од другото возило минал со полесни повреди. Претходно пола час порано, Бренда се наоѓала во кафич кој семејството го поседувала и во кој Рики работел. Таа ја земала пушката ја наслонила на градите и пукала во себе.
„Бренда го зема пиштлот, но јас и го оттргнав од чело. Долго време разговарав со неа. Излегов надвор, а потоа слушнав истрел. Беше грозно. Имаше 8 до 10 луѓе во барот и сите слушнаа“, просведочи нивниот вујко Еди Фалбо. Рики во тој момент се наоѓал во кафичот. Несвесен дека Бренда загинала, тој со својата кола тргнал во правец на болницата, а набргу потоа и загинал.
Пресс24Само шест месеци претходно Рики во самоодбрана го убил својот очув со огнено оружје. Несреќата се случила околу два ча