„Беа вљубени еден во друг. Никогаш не се разделуваа. За жал, нивните животи прерано згаснаа и одлучивме вечно да ги споиме“, изјавија членовите на семејствата на Денис Ѓани (18) и Инес Тадиќ (17), кои во петокот загинале во сообраќајна несреќа кај Новска.Лелекањата и плачењето на очајните родители, роднините и пријателите, одекнувале на локалните гробишта во Окучани. Откако ги спуштиле во вечното почивалиште, сандаците беа покриени со бели цветови. Помеѓу сандаците беше ставена мала перница, на која беа поставени поврзани две златни бурми. Тие беа венчани во гробот.
Многумина дојдоа да се простат од младиот пар. Сите сакале тие да бидат заедно, да бидат како и сите други млади луѓе кои сакале да имаат заеднички живот и да основаат семејство. Никој на погребот не можеше да ги запре солзите.
Додека ги погребуваа младите, само една мисла им помина на присутните: никому повторно да не му се случи тоа. Родителите на Инес и Денис не можеле да зборуваат од болка.
Во текот на молитвата пред мртовечницата, мајката на Денис паднала во несвест, а таткото на Инес едвај стоел на нозе. Скоро без глас, мајката на Денис, Анита, само изговарала „сине мој“ и „колку се убави“, додека таткото на Инес, Маријан, неколкупати повторувал „љубов моја“.
Момчето и девојката се договориле во петокот вечерта да излезат во Новска. Денис дошол по неа со „опел тигра“. Веднаш потоа се упатиле кон Новска, но само по неколку километри, веројатно поради неприлагодена брзина, Денис ја зафатил банкината покрај автопатот што го дестабилизирало автомобилот, кој почнал да се лизга по патот. Автомобилот преминал на спротивната лента и на него налетал „пежо“ кој силно ги удрил и ги исфрлил од патот. Нежната млада девојка починала на лице место, а момчето починало во возилото на брзата помош.
Таткото на Инес жали што неговата ќерка не го послушала. Имено, тој ѝ велел да не влегува во автомобил со Денис, кој само неколку месеци имал возачка дозвола и веќе имал заработено неколку пријави за брзо возење. Таа не ги прифатила неговите совети и му рекла дека би сакала заедно да загинат и така засекогаш да останат заедно. За огромна жал, нејзината желба се остварила…Лелекањата и плачењето на очајните родители, роднините и пријателите, одекнувале на локалните гробишта во Окучани. Откако ги спуштиле во вечното по