Загрижува предлогот на обвинителството за случајот „Монструм“

Тоа не само што е некрофилно, туку тоа е морбидно, повеќе морбидно можеби, отколку некрофилно. Расте чувството на морбидност со фактот дека се пред се деца, вели универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски коментирајќи ги псоледните случувања околу случајот „Монструм“ во емисијата „Ѕид“ на ТВ АЛФА.Цуцуловски вели дека загрижува апелот или предлогот на ОЈО до Врховниот суд да го врати случајот, односно да ги укине одлуките на првостепениот и второстепениот суд.
– За мене е тоа многу необична ситуација, бидејќи суштината на обвинителот е да обвинува, дури и во ситуација кога знае дека обвинетиот е невин, како што и суштината на адвокатот, односно на адвокатурата е да брани, макар што адвокатот можеби и присуствувал додека било извршено злосторството или видел дека токму неговиот клиент е извршителот на злосторството, вели Цуцуловски.
Тој додава дека се разбира дека таквата улога, односно функција на обвинителството е чудна и необична, вие некого да гоните по секоја цена, „но така е во правото, правото не значи и правда или праведност, туку право“.
-Колку и да делува апсурдно, обвинителот е должен да гони до крај, сепак ми се чини пологично, отколку она што е предвидено со новата регулатива околу задачата и функцијата на ЈО, а тоа е да може да ја прекине постапката, да бара додавање на нови елекменти, аргументи, изземање на одредени аргументи. Ова ублажување на таа жестокост, некако ме вознемирува и ме наведува на помислата дека утре некој може намерно да стопира одредени процеси и тоа да биде во функција на политичка манипулација, вели Цуцуловски.
Должноста на јавното обвинителстрво и на јавните обвинители, додава тој, е од полицијата да бараат по секоја цена (не со убиства, не со криминал, не со лаги), со сите можни расплоложливи и легални средства да откријат што е можно повеќе материјал приложен кон случајот за кого станува збор.
 Цуцуловски вели дека загрижува апелот или предлогот на ОЈО до Врховниот суд да го врати случајот, односно да ги укине одлуките на првостепени

Пронајдете не на следниве мрежи: