Закани кон еден уличен свирач: Ќе ти го пресечеме гркланот!

-Ме нападнаа со нож и ми ја искинаа јакната. Понекогаш ми ги земаат сите заработени пари… Ќе дојдат пред мене за да ме пцујат, плукаат, па физички да ме нападнат. Ми велат да се вратам во Шумадија, дека не сум им потребен тука – се жали гусларот и уличниот свирач во Нови Сад, Мирослав Матиќ (70).Гусларот Мирослав Матиќ, кој веќе две години заработува како уличен свирач во центарот на Нови Сад, веќе подолго време е мета на група хулигани кои секојдневно се закануваат „дека ќе го заколат доколку продолжи да свири косовски песни во Војводина“.
Бидејќи во кутијата со парите се` почесто почнал да пронаоѓа ливчиња со заканувача тематика, Матиќ решил на извесно време да се повлече на Златибор.
-Ќе се вратам во Нови Сад. Не им се плашам на луѓето кои ме мразат, вели Матиќ.

 
Гусларот кој често знае да засвири и на кавал, дошол во Нови Сад за да заработи некоја пара, а живее кај роднините. Секој ден рецитира песни, за што тврди дека знае повеќе од 2000 песни, а завршил само четврто одделение.
Помеѓу останатото, Матиќ објасни дека бил „син од слуга“ и дека во Нови Сад го има само народниот инструмент кој е карактеристичен за јужниот Балкан.
Гусларот Мирослав Матиќ, кој веќе две години заработува како уличен свирач во центарот на Нови Сад, веќе подолго време е мета на група хулигани кои

Пронајдете не на следниве мрежи: