Законите на Марфи поврзани со љубовта и сексот

Во секојдневните животни ситуации постојано се среќаваме со Марфиевите закони. А како звучат истите поврзани со сексот и љубовта, прочитајте подолу… И не заборавајте – Секс е збор од 4 букви на кој му е потребен збор од 5 букви за да добие целосно значење.
Сексот е 50% она што сте го добиле и 50% она што луѓето мислат дека сте го добиле.
-Сексот е како снег, не знаеш колку ќе трае и колку сантиметри ќе има.
-Љубовта е хемија, ама сексот чиста физика.
-Мажот може да биде среќен со било која жена, се додека не се заљуби во неа.
-Никогаш не се расправај со жена која е изморена… или одморена.
-Никогаш не одете скарани во кревет, останете будни и борете се.
-Прво брачно правило – ако си во право брзо извини се.
-Посеј семе во сабота навечер, а во недела моли се жетвата да не успее.
-Жената никогаш не го заборава мажот што можела да го има, мажот никогаш не ја заборава жената што не можел да ја има.
-Ако личноста не е зафатена, сигурно постои причина.
-Љубовта е победа на имагинацијата над интелигенцијата.
-Сексот е деветта причина за реинкарнација. Останатите осум не се важни.
-Сексот е наследен, ако вашите родители немале секс, големи се шансите и вие да немате.
-Можеби постојат работи кои се подобри или полоши од сексот. Ама не постои ниту една работа која е исто толку добра како сексот.Во секојдневните животни ситуации постојано се среќаваме со Марфиевите закони. А како звучат истите поврзани со сексот

Пронајдете не на следниве мрежи: