Законот за употреба на јазиците назад пред пратениците

Од Кабинетот на Џафери велат дека, Законот за јазици најверојатно ќе биде ставен на дневен ред идниот понеделник, на 29-ти јануари,а тогаш ќе се избираат и петмината потпретседатели на Собранието. Ова ќе биде трето читање на Законот, што ќе оди директно на пленарна седница, без комисиска расправа. Амандмани може да се поднесуваат само на членовите на кои претседателот Ѓорѓе Иванов упати забелешки при одбивањето да го потпише указот. Тој има забелешки на 19 од вкупно 25 члена од законот.
Од ДУИ веднаш се изјаснија дека нема потреба од дополнителни амандмани, СДСМ велат дека првин ќе ги разгледаат забелешките па ќе заземат став. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа повлекување на Законот, формирање на работни групи составени од партиите, професори од Правен факултет и јазичари, од Кабинетот на Претседателот и од МАНУ. Доколку и овојпат за законот гласаат најмалку 61 пратеник, тој ќе биде донесен, по што повеќе нема да има потреба од потпис од Претседателот. Ова ќе биде трето читање на Законот, што ќе оди директно на пленарна седница, без комисиска расправа. Амандмани може да се поднесуваат само на член

Пронајдете не на следниве мрежи: