Закрепнување на европското индустриско производство

Индустриското производство во еврозоната и во Европската унија (ЕУ) закрепнува во декември, по падот во претходниот месец, покажаа десезонираните податоци на Eurostat објавени во средата.Во еврозоната производството во декември пораснало за 0,7 отсто во однос на претходниот месец, кога е забележан ист отстотен пад. Во 27-члената ЕУ производството пораснало за 0,5 отсто, по ревидираниот 0,6-отстотен пад во ноември, објави Eurostat.Меѓу државите членки за кои има достапни податоци, индустриското производство на месечно ниво бележи пораст во 14 земји, пад има во шест земји, а во три производството останало стабилно.Најизразен раст имаше во Ирска од 8,5 отсто, Летонија и Словенија, по 2,7 отсто. најголем пад има во Словачка за 4,4 отсто и во Данска за 3,3 отсто.На годишно ниво индустриското производство во декември е намалено за 2,4 отсто, односно за 2,3 отсто во ЕУ, додека во ноември се намали за ревидирани 4,0 отсто во еврозоната, односно за 3,6 отсто во ЕУ.
МакфаксИндустриското производство во еврозоната и во Европската

Пронајдете не на следниве мрежи: