Жално и срамно е да бидете министер за труд и социјална политика и да гледате само како ваши сопартијци да добијат стан, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски го вестите на Сител.Тој објасни дека техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски по секоја цена сака нивни сопартијци да дојдат до социјален стан, иако условите за тоа не ги исполнуваат.
-Се изградија становите, направивме прва распределба, а потоа Комисијата составена од Министерство за транспорт и врски и од МТСП, одат на лице место и ги проверуваат сите оие кои добиле станови. Доколку се утврди дека некој од нив не заслужува нема да го добие станот. Тоа е правилно, така треба и мора да биде. За жал, еден од становите што треба некој да го добие, мора да го добие по секоја цена иако не ги исполнува условите. Дури наредено и е на Комисијата да не го потпишува записникот. Тоа значи стотици фамилии да не можат да добијат стан. Тоа е проблем во Прилеп, во Демир Хисар, во Ресен. Се работи за нивен близок припадник од партијата што според нив мора да биде згрижен, но ако не ги исполнува условите нема да добие стан, вели Мисајловски.
Мисајловски вели дека до Ременски испратил допис за Комисијата да направи повторна анализа и да отиде на терен за да се утврди дали се исполнети условите, но не да се кочи целиот процес.Тој објасни дека техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски по секоја цена сака нивни сопартијци да дојдат до социјален ст