Заменик Министерот за труд Диме Спасов во Штип во акцијата „Ден на дрвото“

Заменик Министерот Диме Спасов заедно со градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев ја предводеше акцијата „Ден на дрво“ која годинава е под мотото „Засади успех“. На локацијата над Новакова Чешма денес беа засадени над 120.000 багремови садници а во акцијата се вклучија и учениците од основните и средните ичилишта како и државната администрација:- Акцијата е повеќе од успешна, многу луѓе денес се приклучија на оваа 16.та акција која ја организира Владата на Р.М. Овде сме заедно со градоначалникот да засадиме дрва и секако да помогнеме во обнова на нашите шуми – напомена Министерот Спасов.
Според градоначалникот на Штип, акцијата дава резултати:
– Минатата година, овде садевме чемпреси и гледам дека голем процент веќе се зафатиле, што значи имаме успешна акција, така и оваа година најважно е тоа. Мислам дека имаме убав, сончев ден, влажност, значи сите услови за успешно садење на багремот ги имаме, така што големото присуство на учесниците во акцијата е доказ и за поддршката на оваа акција која ја иницираше Владата – кажа Захариев.
Освен на Новакова Чешма, ЈП „Исар“ преку соодветни екпипи садеше садници низ целиот град, на спојницата Баби-Сењак,и низ парковите со што се збогатува дрвниот фонд.- Акцијата е повеќе од успешна, многу луѓе денес се приклучија на оваа 16.та акција која ја организира Владата на Р.М. Овде сме заедно со

Пронајдете не на следниве мрежи: