Заменик Министерот Диме Спасов заедно со градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев ја предводеше акцијата „Ден на дрво“ која годинава е под мотото „Засади успех“. На локацијата над Новакова Чешма денес беа засадени над 120.000 багремови садници а во акцијата се вклучија и учениците од основните и средните ичилишта како и државната администрација:- Акцијата е повеќе од успешна, многу луѓе денес се приклучија на оваа 16.та акција која ја организира Владата на Р.М. Овде сме заедно со градоначалникот да засадиме дрва и секако да помогнеме во обнова на нашите шуми – напомена Министерот Спасов.
Според градоначалникот на Штип, акцијата дава резултати:
– Минатата година, овде садевме чемпреси и гледам дека голем процент веќе се зафатиле, што значи имаме успешна акција, така и оваа година најважно е тоа. Мислам дека имаме убав, сончев ден, влажност, значи сите услови за успешно садење на багремот ги имаме, така што големото присуство на учесниците во акцијата е доказ и за поддршката на оваа акција која ја иницираше Владата – кажа Захариев.
Освен на Новакова Чешма, ЈП „Исар“ преку соодветни екпипи садеше садници низ целиот град, на спојницата Баби-Сењак,и низ парковите со што се збогатува дрвниот фонд.- Акцијата е повеќе од успешна, многу луѓе денес се приклучија на оваа 16.та акција која ја организира Владата на Р.М. Овде сме заедно со
Заменик Министерот за труд Диме Спасов во Штип во акцијата „Ден на дрвото“





