Замислете да патувате во пустина и одеднаш здогледувате коцка. Како изгледа таа?

Замислете да патувате низ пустина и одеднаш да здогледате коцка. Како изгледа таа? Пожелно е да нацртате што гледате. Треба да се сконцентрирате на тоа како се чувствувате додека ја гледате коцката, а не само на нејзиниот изглед.Колку повеќе детали ќе замислите, тестот ќе биде поуспешен.
Замислете коцка
Колку е голема коцката? Која е нејзината боја? Ја гледате ли нејзината внатрешност? Колкава е во однос на пустината?
Замислете скали
Која боја се скалите? Од што се направени? Колкаво е растојанието од скалите до коцката? Дали скалите се потпрени на коцката?
Замислете коњ
Колку е коњот оддалечен од коцката? Која боја е коњот? Каков впечаток остава на вас? Дали коњот е врзан и има ли седло?
Пристигнува бура
На колкава оддалеченост е бурата од коцката? Дали станува збор за мала или голема бура? Како изгледа? Дали поминува или се задржува?
Тука е еден цвет или повеќе цвеќиња
Колку цвеќиња гледате? Каде се наоѓа цветот или цвеќињата? Која е бојата? Што чувствувате додека гледате?

ОБЈАСНУВАЊА:
КОЦКАТА ве претставува вас. Она што го мислите за коцката е рефлексија на вашето мислење за себе. Ако замислите коцка направена од жолти камења, станува збор за тоа дека жолтата боја пружа чувство на топлина, а каменот остава впечаток на јачина.
Оддалеченоста помеѓу вас и коцката претставува разбирање на самите себе. Ако коцката е далеку, значи дека не се познавате доволно. Ако коцката е видлива, значи дека им дозволувате на луѓето да ви се приближат и да ве запознаат. Колку што е поголема коцката во однос на пустината, толку е поголемо егото.
СКАЛИТЕ се пријателите во вашиот живот. Ако се потпираат на коцката, значи дека пријателите се потпираат на вас. Доколку ја потпираат коцката, значи дека зависите од пријателите. Оддалеченоста помеѓу скалите и коцката ја означува вашата блсикост со пријателите. Она што го мислите за скалите е рефлексија на тоа што го мислите за пријателите.
КОЊОТ е вашиот љубовник. Ако се наоѓа во близина на коцката, значи дека многу сте блиски. Ако е врзан и има седло, сакате да го контролирате љубовникот.
БУРАТА се пречките во животот. Ако бурата е во близина на коцката, тешките периоди се чести. Доколку е мала, тогаш пречките во вашиот живот се исто така мали.
ЦВЕЌЕТО го претставува вашето потомство. Ако е во близина на коцката, многу сте врзани за децата. Чувствата кон цвеќето ги отсликуваат вашите емоции кон децата.Колку повеќе детали ќе замислите, тестот ќе биде поуспешен.
Замислете коцка
Колку е голема коцката? Која е нејзина

Пронајдете не на следниве мрежи: