Заобиколувањето на волјата на мнозинството ги отвора апетитите на сите останати

Непочитувањето и заобиколувањето на волјата на мнозинството граѓани ги отвора апетите на сите останати.Од ДУИ најавуваат дека тие ќе го бараат мандатот од претседателот Ѓорге Иванов.
-Јас не барам вина кај меѓународниот фактор, СДСМ ги побара потписите од албанскиот политички фактор и СДСМ треба да се соочи со овој процес. Доколку тие се сомневаат и не се решителни дека може да ја направат оваа работа, тогаш треба да се откажат и да и се даде мандат на друга политичка партија, албанска во овој случај. Да им се даде мандатот на некој од Албанците со 67 потписи и секако дека ние во тој случај ќе се соочиме со овој процес, Рафиз Алити, член на највисоките партиски органи на ДУИ.  
Од друга страна пак, се зголемува и притисокот врз лидерот на СДСМ Зоран Заев за да направи уште поголеми отстапки од тие што ги договараше.
Заев сака да формира влада, по секоја цена тргувајќи со националните и државните интереси, да врши потоа притисок да се заборави неговата одговорност и неговиот криминал со случајот „Поткуп“, случајот „Цареви кули“ и случајот „Пуч“.
Зијадин Села од Алијанса за Албаницте уште пред изборите најавуваше дека реализацијата на неговите барања ќе биле услов не само за егзистирање на Собранието, туку и за егзистенција на државата.
-Дојдено е времето ние да не бараме од другите, ние нема што да бараме од другите, ние нашите барања ќе ги направиме кај нашиот народ и тој момент сите овие барања ќе бидат услов за егзистирање или не на овој Парламент, на оваа Влада и во оваа држава, изјави Села.
Вчера пак, БЕСА преку дел од албанските медиуми најави аспирации за функцијата претседател на Собранието. Доколку БЕСА опстои на барањето, СДСМ и ДУИ не може да обезбедат мнозинство во комисијата за избори и менување.
Како што пренесоа албанските медиуми и БЕСА ќе предложи свој кандидат за Претседател на Собранието на Република Македонија.
Целокупната ситуација се повеќе се комплицира. ВМРО-ДПМНЕ го гледа излезот во нови предвремени парламентарни избори, кои би се оддржале заедно со редовните локални.
Антонио Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ му понудило решенија- едното е малцинска влада, другото е предвремени парламентарни избори.
-Како партија ние понудивме две решенија, едното решение е дека доколку Заев смета дека треба да се реализира неговата програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но мора да се откаже од Тиранската платформа. Исто така ВМРО-ДПМНЕ му нуди и брзо решавање на кризата со нови брзи избори заедно со локалните, истакна вчера Антонио Милошоски во вестите на Сител, вечерва веднаш по средбата со Хан.Од ДУИ најавуваат дека тие ќе го бараат мандатот од претседателот Ѓорге Иванов.
-Јас не барам вина кај меѓународниот фактор, СДСМ ги побара

Пронајдете не на следниве мрежи: