Би сакал во Македонија навремено и што побрзо да се одржат избори и земјата да добие претставници кои ќе бидат способни да ги решаваат проблемите не само што ги има Македонија, туку и ЕУ. Ова го истакна шефот на чешката дипломатија Љубомир Заоралек по средбата со македонслиот колега Никола Попоски и додаде дека Прага и понатаму останува на своите ставови за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и нагласи дека земјата е во групата пријатели на Македонија. Додаде дека заедно со него е дојдена и поголема група бизнисмени од Чешка кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија.– Нашата соработка е на високо ниво. Ставот на Чешката Република кон Македонија останува непроменет како за интеграцијата во ЕУ, така и за приклучувањето кон НАТО. Ние сме членови на групата на пријатели на Македонија и истовремено како Чешка Република сакаме да помогнеме во сегашната неповолна ситуација во која се наоѓа Република Македонија. Вознемирени сме од внатрешнополитичката криза во Македонија, особено во деловите на владеењето на правото и слободата на медиумите и сметаме дека овие проблеми треба да се решат што е можно побрзо. Би сакал во Македонија навремено и што побрзо да се одржат избори и земјата да добие претставници кои ќе бидат способни да ги решаваат проблемите не само што ги има Македонија, туку и ЕУ, рече Заоралек.
Тој прецизира дека Чешка има искуство со решавање на проблемите во интеграциските процеси, а особено во трансформациските процеси, но додаде дека им е неопходен партнер кој ќе биде навремено избран на избори за да може заедно со нив да разговара и да ги решаваат проблемите. Посочи дека се дојдени во Македонија за да соработуваат со земјава за решавање на мигрантската криза и да помогнат да не стане камп каде би се задржале сите бегалци.
– За сегашниот најголем проблем со кој се соочува ЕУ – мигрантската криза Република Чешка помага не само хуманитарно, туку испрати и 27 полицајци кои делуваат на границата, подготвени сме и за понатамошно продлабочување на соработката и изнаоѓање на нови можности за помош. Чешка не сака само да гледа отстрана, туку сака да биде активен учесник во решавањето на проблемот со кој се соочуваме. Сакам да ја продолжиме соработката што ја имаме без разлика дали земјите се дел или не од ЕУ, рече Заоралек.
Тој предочи дека Европската унија е една целина којашто мора да функционира заеднички и која мора заеднички да ги решава сите проблеми со кои можеме да се сретнеме.
Двајцата министри оценија дека политичката соработка меѓу двете земји е одлична и нагласија дека економската соработка може да се унапредува иако во последниве неколку години бележи нагорен тренд и размената од 50 милиони евра е зголемена на 100 милиони евра годишно. Ги посочија енергетиката и туризмот како главни гранки во кои може да се унапреди економската соработка меѓу двете земји.
– Во делот на инвестициите има голем потенцијал, токму затоа во рамки на посетата организиравме и бизнис форум за поврзување на нашите бизнис заедници. Енергетиката и туризмот се секторите во кои очигледноможеме многу повеќе да направиме. Значајно за тоа е и повторното воспоставување на авионската линија од Скопје до Прага, рече Попоски.
Заеднички заклучиле дека е неопходно што поскоро да заврши политичката криза во Македонија, бидејќи е добар извор за секој кој би можел да посака да го продолжи одложувањето на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, како и што поскоро да се исполнат обврските од Договорот од Пржино, вклучително и одржувањето на предвремените избори.– Нашата соработка е на високо ниво. Ставот на Чешката Република кон Македонија останува непроменет како за интеграцијата во ЕУ, така и за пр