ЗАПАДОТ ИМА ПРОБЛЕМ: Ќерката на Гадафи го започна обединувањето на Либијците!

Пред точно недела дена, НАТО по пропаста на „владата на националниот консензус“ во Либија доби нов проблем – ќерката на лидерот на Џамахирија, Ајша Гадафи.По четири години тишина, таа им се обрати на Либијците со писмо од Еритреја, повикувајќи ги да дадат отпор на новите освојувања на Западот и се прогласила себеси за наследничка на својот легендарен татко.
Најголемото либиско племе „Варфала“ во градот Бени Валид (Мисурата), веќе се заколна на лојалност кон Ајша и Џамахирија. Како одговор на тоа, Би-Би-Си објави досега необјавени снимки од линчот на Моамер Гадафи, очекувајќи нервозна реакција на неговата ќерка.
Во меѓувреме, НАТО одржа вонреден состанок во Холандија по повод ситуацијата во Либија.
Ајша го има секое право да го провоцира Западот. Таа е единственото дете на Гадафи кое денес може да влијае врз умовите на Либијците во моментот кога Западот претставува реална закана. Единствената ќерка од осумте деца на Гадафи се повикува на правото дека смее да ги брани своите „деца“ во Либија.
Таа објавила дека ќе создаде тајна власт во Либија и странство. Западот веднаш ја обвини за тоа дека глуми маченичка поради смртта на таткото. Меѓутоа, за разлика од нејзиниот татко, таа има нерешени работи – смртта на едно дете и братот во воздушните напади на НАТО.
Иако Ајша Гадафи е позната на Западот по ориенталната убавина, Русите за неа не знаат скоро ништо. Се знае дека има 39 години и дека уште пред превратот во Либија се верувало дека таа ќе биде наследник на Гадафи и покрај тоа што е жена.

Таа била миленичка на Гадафи од детството и отсекогаш ја инспирирале неговите идеи. Пред превратот, новинарите ја нарекувале „афричка Клаудија Шифер“ бидејќи имала долга коса, слабо тело и носела тесни фармерки, штикли од Гучи и муслимански хиџаб.
Меѓутоа, нејзината слика драматично се сменила во 2011 година. Таа отворено протестирала против западната интервенција во нејзината држава, зближувајќи се со народот.
Единствената ќерка на Гадафи се омажила за роднината, полковникот Ахмед ал Гадафи ал Каши, чувајќи ја чистината на племенската крв по машка линија. Исто така, Ајша била амбасадор на добра волја во ОН и се борела против гладот и сидата во Африка, притоа бранејќи ги идеалите на нејзиното семејство.
Токму поради тоа, нејзиниот татко не ѝ дозволил да остане во Либија кога побунениците го заземале Триполи во август 2011 година. Пет дена по окупацијата на резиденцијата на Гадафи, сопругата на Гадафи, Сафија и нејзината бремена ќерка биле пратени во Алжир заедно со неговите два сина Мухамед и Ханибал.
По три дена, Ајша родила девојче. По смртта на Гадафи на 21 октомври, таа ја започнала својата војна. И покрај забраните на алжирските власти, таа два пати пратила видео порака до Либијците да се одмаздат за убиството на Моамер Гадафи, а година дена подоцна била приморана да оди во Оман.
Тогаш веќе ја исклучиле од ОН и ѝ се заканиле дека би можела по неа да биде распишана меѓународна потерница во Интерпол.
Ајша Гадафи изјавила дека верува како „Гадафи не е во Либија, туку во срцата на Либијците.“По четири години тишина, таа им се обрати на Либијците со писмо од Еритреја, повикувајќи ги да дадат отпор на новите освојувања на Западот и се про

Пронајдете не на следниве мрежи: