Одлична комбинација од њоки, пилешко и многу зеленчук.Состојки:
4 лажици маслиново масло
500гр пилешко филе
1 лажица вегета
1 кромид
1 морков
1 тиквичка
200гр печурки
2 чешниња лук
бибер и оригано по вкус
килограм замрзнати њоки
сол
200мл неутрална павлака
200гр кашкавал
Подготовка:
Во маслото испечете го пилешкото да добие боја. Додадете ја вегетата и префрлете во огноотпорен сад. Настрана пропржете го исецканиот кромид и морковот. Додадете ги тиквичките и печурките и пржете се заедно. По десет минути додадете го лукот, ориганото и биберот и динстајте, а повремено по потреба додадете вода. Додека се динста зеленчукот, сварете ги њоките во посолена вода, исцедете и распоредете ги врз пилешкото. Преку њоките прелијте го сосот од зеленчук, а потоа павлаката. Посипете го изренданиот кашкавал и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути
Добар апетитСостојки:
4 лажици маслиново масло
500гр пилешко филе
1 лажица вегета
1 кромид
1 морков