ЗАПИШЕТЕ ГО ОВА: Направете ќебапи како „вистински мајстори“

Зборот ќебап има персиско потекло, а значи пржено месо, a има и траги кои ќебапот го водат дури до стара Грција. Да ја скратиме приказната, еве ви еден рецепт како сами да направите смеса за ќебапи како вистински мајстори за тоа.Искусните велат дека при правењето на ќебапи нема посебни компликации, поентата е во доброто месо, начинот на подготовка и смесата да отстои.
Се што ви е потребно за вистински ќебапи е:
– 1.5 кг мелено јунешко месо,
-0.5 кг јагнешко месо
– 4-5 чешниња лук
сол и 2 ќесички сода бикарбона
Начин на подготовка

 
Начин на подготовка
Месото исечете го на коцкички и добро посолете го, измешајте и прелијте го со околу 100 мл вода и лук кој претходно сте го свариле. Смесата измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер.
Другиот ден смесата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете ја да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
Пред да почнете да ги обликувате ќебапите, во смесата додадете сода бикарбона и тоа е тоа.
Уживајте во вкусните и сочни ќебапи.Искусните велат дека при правењето на ќебапи нема посебни компликации, поентата е во доброто месо, начинот на подготовка и смесата да отстои.

Пронајдете не на следниве мрежи: