ЗАПИШЕТЕ: Ова е рецепт за најздравиот леб кој постои!

Внесете го во вашата исхрана овој здрав вкусен леб кој благотворно влијае на вашето здравје, а состојките можете да ги пронајдете во најблиската продавница. Овој вид на леб содржи мала количина на квасец и сол и нема адитиви, конзерванси и слични супстанци. Тој е богат со протеини, витамини, аминокиселини, здрави масти, јаглено-хидрати и минерали.
Потребни состојки:
–  300 гр. пченица
–  100 гр. јачмени снегулки
–  2 лажици сусам
–  2 лажици ленено семе
–  2 лажици исчистен сончоглед
–  Лажица сол
–  20 гр. квасец
–  50 мл. вода
Подготовка:

 
Прелијте ја пченицата со вода и оставете така три дена додека не изрти. За да не се расипе пченицата, повремено менувајте ја водата. По три дена исцедите ја изртената пченица и сомелете ја во блендер. Треба да добиете смеса слична на брашното.
Во мелената пленица додадете ги јачменовите снегулки кои пред тоа сте ги држеле малку во вода да омекнат. Лененото семе, сончогледот и сусамот благо пропржете ги во суво тавче па додадете ја пченицата и јачменот.
Во 50 мл. вода додадете квасец и малку шеќер па почекајте да нарасне. Потоа додадете ја смесата, посолете и замесете го тестото. Можете да додадете уште вода доколку е потребно. Во рерната загреана на 220 степени ставете неколку коцки мраз со цел да се створи пареа, па потоа ставете го лебот да се пече. Влажната средина ќе придонесе за нараснување на тестото. Печете го лебот на околу 45 до 50 минути.Овој вид на леб содржи мала количина на квасец и сол и нема адитиви, конзерванси и слични супстанци. Тој е богат со протеини, витамини, амино

Пронајдете не на следниве мрежи: