Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска /09.09.2016 година, сабота/ присуствуваа на асфалтирањето на дел од улицата Ѓорче Петров.Градежните екипи на „Пелагонија“ АД Гостивар започнаа со асфалтирањето на две коловозни ленти, каде овој викенд ќе нанесат нов асфалтен слој Сплит Мастикс со дебелина од 5 сантиметри.
По завршувањето на асфалтирањето на овие две коловозни ленти, градежните работи ќе се префрлат на другите две коловозни летни. Проектот за реконструкција на коловозот на улицата Ѓорче Петров се врши на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ до општинската зграда, во должина од 1.245 метри.
За реконструкција на коловозот на улицата Ѓорче Петров, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ до општинската зграда, Градот Скопје ќе вложи околу 18,6 милиони денари.Градежните екипи на „Пелагонија“ АД Гостивар започнаа со асфалтирањето на две коловозни ленти, каде овој викенд ќе нанесат нов асфалтен