Започна доделувањето на новогодишните пакетчиња за првачињата во Прилеп

Започна доделувањето на новогодишните пакетчиња за првачињата во ПрилепТрадицонално веќе 12-та година по ред, во Прилеп, денеска започна доделувањето на новогодишните пакетчиња за првоодделенците. Градоначалникот Марјан Ристески заедно со Дедо Мраз денеска ги посетија основните училишта „Гоце Делчев“, „Кире Гаврилоски“, „Добре Јованоски“, „Св. Климент Охридски“, како и посебните паралелки во истото училиште. Ристески на сите првачиња им посака многу здравје, среќа и успех во наредната 2017 година.
„Како и секоја година така и оваа, пред Нова година ги посетуваме сите основни училишта во градот и првоодделенчињата и задедно со Дедо Мраз им поделуваме новогодишни пакетчиња. Во оваа прилика им ја честитам Новата година, им посакувам здравје, среќа и успех во наредната 2017 година. Ова е практика која ние како локална самоуправа ја спроведуваме повеќе од 11 години и во текот на оваа новогодишна посета на сите основни училишта и градинки во општината ќе бидат поделени околу 2.000 новогодишни пакетчиња. Тука нема да бидат заборавени и другите целни групи, како што се децата со посебни потреби и другите ранливи категории. Исто така во оваа прилика сакам да ги повикам сите наши сограѓани, вклучувајки ги тука особено помладите да присуствуваат на новогодишната забава на 31 декември која ќе започне од 11 часот на плоштадот во центарот на градот, за да потоа сите заедно ја прославиме Новата 2017 година, започнувајќи со пригодна програма од 22 часот па се до раните утрински часови. Ќе бидат задоволени сите музички вкусови и сето тоа ќе биде зачинето со еден прекрасен огномет“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Од локалната самоуправа истакнаа дека оваа година имало зголемување на бројот на запишани првачиња што за нив било од големо значење и радост.
„Мене особено ме радува фактот, што е и за поздравување и што е позитивно за нашиот град, е тоа што за разлика од лани годинава се запишаа 93 првачиња повеќе. Лани имаше 768, а сега стигнавме до бројката 861 прваче во нашите училишта. Ја користам приликата на сите ученици и вработени во образовните установи да им ги честитам Новогодишните и Божиќните празници“, рече Марјан Матракоски, советник за образование во општина Прилеп.
На учениците во посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски“ новогодишни пакетчиња им подели и Интернационалната хуманитарна организација „Адра“. Од оваа невладина организација истакнаа дека на ниво на општина Прилеп ќе поделеле 350 вакви пакетчиња.
„Во Македонија „Адра“ има потпишано договор со Министерството за труд и социјална политика. Годинава како и секоја година соработуваме со „Адра – Германија“, добиваме пакетчиња од таму, и годинава во цела Македонија ќе бидат поделени 6.000 вакви пакетчиња, од нив во Прилеп ќе бидат поделени 350. Претходно бевме да поделиме вакви пакетчиња во неколку рурални места и сега сме тука во ОУ „Климент Охридски“. Овој  проект се вика „Од деца за деца“. Нив ги изработиле дечиња од Германија и тие пакетчиња сега се доделуваат тука. Пораката на овие пакетчиња е сите да бидеме солидарни“, кажа Виолета Јованоска, волонтер во „Адра“.
„Упатувам голема благодарност до Германија и солидарноста која ја покажуваат со овие новогодишни пакетчиња и до НВО „Адра“ кои се присутни повеќе години во Македонија. Се заблагодарувам за сите донации кои се даваат на децата од ранливите категории. Да не заборавиме на пораката дека и ние секогаш треба да бидеме солидарни и да помагаме таму каде што има потреба“, додаде Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Доделувањето на новогодишните пакетчиња ќе продолжи во општина Прилеп и во наредните денови во другите основни училишта, градинките како и кај децата од социјално ранливите категории.Традицонално веќе 12-та година по ред, во Прилеп, денеска започна доделувањето на новогодишните пакетчиња за првоодделенците. Градоначалн

Пронајдете не на следниве мрежи: