Започна изградбата на две улици во с.Теранци

Во општина Чешиново-Облешево во с.Теранци започнати се градежните активности за изградба на две улици.Улицата „Кемал Билалов“ и ул. „Богатин Вичков “ во с.Теранци ќе бидат поплочени со бекатон со дебелини од 8см . Фирма изведувач на градежните активности е „Промонтинг“ ДОО Скопје , и моментално работат на подготвување на теренот за работа . Започнато е со порамнување и тампонирање на улиците кои во проектот е предвидено да бидат со широчина од 3,5метри.
Средставата за изградба се обезбедени со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и средства издвоени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево. Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува околу 6.341.705,оо денари.
„ Како дел од Програмата за изградба и одржување на локалните улици и патишта во општина Чешиново-Облешево за 2016 година , Започнавме со активности за изградба на две улици во населено место Теранци а исто така паралелно работиме и на реконструкција односно крпење на ударните дупки по останатите населени места. За таа цел издвоени се средства од Буџетот на општината за набавка на 50 тони асфал кој ќе биде искористен на местата каде што е неопходна интервенција . – изјави Костадин Личков градоначалник на општина Чешиново-Облешево.Улицата „Кемал Билалов“ и ул. „Богатин Вичков “ во с.Теранци ќе бидат поплочени со бекатон со дебелини од 8см . Фирма извед

Пронајдете не на следниве мрежи: