Град Скопје денеска /04.01.2016 година, понеделник/ ги започна градежните работи од проектот за изградба на новиот фекален колектор по должината на булеварот „Видое Смилевски Бато“.На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателите на советите на Град Скопје и Општина Аеродром, Ирена Мишева и Виктор Камиловски.
– Станува збор за изградба на нов фекален колектор со вкупна должина од 771 метар, од крајот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со булеварот „Србија“, каде што ќе се поврзе со постојниот фекален колектор. На овој потег ќе се монтираат полипропиленски канализациони цевки со профил ф-800 милиметри, а ќе бидат поставени и 12 ротомолдинг шахти. Рокот на изведба е 90 работни денови, а за реализацијата на овој проект Град Скопје ќе издвои околу 27 милиони денари, кажа градоначалникот Трајановски.
Претседателот на Владата Груевски изјави дека со реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект, ќе се решат проблемите од овој вид за жителите од овој дел на градот.На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Владата на Република Македон