Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски денеска /04.08.2016 година, четврток/ присуствуваа на почетокот на градежните работи од проектот за изградба на нов фекален колектор по должината на булеварот „Партизански одреди“.- Новиот фекален колектор на булеварот „Партизански одреди“ ќе биде со вкупна должина од 1246 метри и ќе биде изграден на потегот од крстосницата со улица „Московска“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“. На овој потег ќе бидат поставени канализациони цевки со профил Ф-500 милиметри, а ќе бидат поставени и 25 шахти. Новиот фекален колектор значително ќе го зголеми капацитетот на постојната фекална мрежа која е со помал капацитет и предизвикува чести запушување. Со изградбата на новиот колектор ќе се решат долгодишните проблеми на граѓаните во овој дел од Градот – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски изјави дека станува збор за корисен инфраструктурен проект со чија реализација ќе се подобри состојбата со фекалниот колектор во населбите Тафталиџе 1 и 2 и во Нерези.
Градот Скопје од буџетот за овој проект ќе издвои околу 17 милиони денари, додека изведувач на работите е компанијата Вардар градба ДООЕЛ Скопје.- Новиот фекален колектор на булеварот „Партизански одреди“ ќе биде со вкупна должина од 1246 метри и ќе биде изграден на потегот од кр