Започна изградбата на кружна раскрсница на влезот во Берово

На влезот во Берово започна реализацијата на проект преку кој ќе се изгради Кружна раскрсница со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на местото каде ул. „Маршал Тито“ се вкрстува со регионалниот патен правец Р523 Струмица-Берово.Проектот предвидува асфалтирање на коловозна конструкција на ленти со широчина од 3,5 метри со вкупна површина од 2332 м2 асфалт бетон АБ11 СА со дебелина од 5 сантиметри под кој ќе се постави Битуменизиран носив слој БНС 22 со дебелина од 7 сантиметри и тампонски слој од дробеник од 30 сантиметри.
Бехатонските елементи на раскрсницата ќе се постават на површина од 1140 м2, додека средното острово ќе биде со дијаметар од 20м, површина на која е планиран зелен простор.
Целиот простор ќе биде осветлен во согласност со нормативите за осветлување на раскрсници, а ќе се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Вкупната инвестиција за проектот е 8.530.000 денари кои се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и од Буџетот на општина Берово.
Раскрсницата моментално е изведена со четририкрака регулирана со вертикална сигнализација па ваквата состојба не го задоволува потребното ниво на сообрќајна услуга, како и нивото на безбедност во неа.
Од друга страна земајќи во предвид дека преку раскрсницата се одвива интензивен сообраќај како и поради смирување на брзиот транзитен сообраќај кружна раскрсница е најдоброто решение за сообраќај на оваа сообраќајница.Проектот предвидува асфалтирање на коловозна конструкција на ленти со широчина од 3,5 метри со вкупна површина од 2332 м2 асфалт бетон АБ11 СА со д

Пронајдете не на следниве мрежи: