Започна изградбата на станицата за пречистување на отпадни води во Радовиш

Денес во општина Радовиш започна проектот за изградба на станица за пречистување на отпадни води, капитален објект одобрен од Европската Унија со вредност во висина од околу 6 милиони евра. Станицата за пречистување на отпадни води ќе се изгради на површина од околу 12.000m2 со цел да се изврши прифаќање на водите од фекалната канализациона мрежа кои се испуштаат во Радовишка река, Раклишка река и река Сушица без било каков третман.Објектот има проектиран капацитет според експлоатациониот период од вкупно 25.000 еквивалент жители. Дополнително на изградбата на станицата за пречистување на отпадни води, ќе се изгради нова или ќе се рехабилитира постоечка фекална кализациона мрежа во должина од 3300m, како и целосна реконструкција на постоечка траса од централниот дел на градот (Плоштад „Св.Спасо Радовишки“ и кружен тек на ул.„22-ри Октомври“) па се до „Кеј 8-ми Септември“.
Претставува особена сатисфакција како градоначалник на општина Радовиш официјално да се најави почеток на проектот за изградба на станица за пречистување на отпадни води во Радовиш, како исклучително значаен капителен објект со вкупна инвестициска вредност од околу 6 милиони евра. Започнувањето на овој проект е резултат на нашата посветеност во изминатите три години при извршување на сите работни активности за постигнување на строгите критериуми дефинирани од Европската Унија. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите луѓе кои беа инволвирани при реализацијата на овој проект, пред се на вработените од Секторот за урбанизам, кои навистина дадоа се од себе во делот на логистика, евалуација на тендерската постапка и подршка при изработка на техничко-проектната документација од аспект на законската регулатива.
Овој проект претставува продолжување на соработката и подршката од Владата на Република Македонија, претставувана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за финансии, како и на Европската комисија како извршен орган на Европската Унија за промовирање на општ интерес и подршка кон општина Радовиш за остварување на најголемата капитална инвестиција во изминатите децении -истакна Градоначалникот на општина Радовиш, г-дин Сашко Николов.
Проектирањето на процесот за пречистување на отпадните води е извршено во согласност со меѓународните DWA/ATV стандарди за контрола на загадување на водата и Директивите на Советот 91/271/EC, 98/15/EE3 и 91/281/ЕЕ3. Концептот за третман на отпадните води во Радовиш е базиран на техногијатата за отстранување на биоразградлив органски јаглерод.
По завршување на сите делови на построението, линијата за пречистување на отпадни води ќе вклучува и механички третман без примарна седиментација, едностепен процес на активна мил вклучувајќи отстранување на јаглерод. Линијата за третман на ќе вклучува згуснување, аеродна стабилизација, стабилизирано згуснување и одводнување на мил.Објектот има проектиран капацитет според експлоатациониот период од вкупно 25.000 еквивалент жители. Дополнително на изградбата на станиц

Пронајдете не на следниве мрежи: