Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, денеска присуствуваа на почетокот на проектот за изградба на три мостови на Усјанскиот канал во Горно Лисиче.Првиот мост е на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.
– Мостовите ќе се изградат во должина од по 10 метри, а широчина од по 8 метри, вклучувајќи по две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда. Со изградбата на овие три мостови очекуваме значително да се подобрат условите за живот на граѓаните во овој дел на oпштината, а секако и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи тој изминативе 50 години се одвиваше врз импровизирани мостови, кои не само што не ги задоволуваа стандардите туку претставуваа и потенцијална опасност. Изградбата на трите мостови, која се очекува да заврши за три месеци, целосно ќе се покрие со средства од Буџетот на Општина Аеродром, за што се обезбедени 8 милиони денари – изјави градоначалникот Коневски.
Градоначалникот Трајановски го поздрави овој проект велејќи дека со изградбата на овие мостови ќе се зголеми протокот на сообраќај и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, а се осврна и на чистењето на Усјанскиот канал кој е во ингеренција на Град Скопје.
– Град Скопје и оваа година работи на чистење на Усјанскиот канал со механизација, каде што активностите се почнати и каналот е исчистен до влезот на Горно Лисиче. Очекувам активностите да се одвиваат со забрзано темпо и чистењето на Усјанскиот канал целосно да биде завршено во јули. Градот Скопје и Општина Аеродром имаат одлична соработка и се реализираат голем број проекти за подобрување на животот на жителите на овој дел на Скопје. Годинава Градот Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ ја изградија новата водоводна мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, додека истата беше целосно реконструирана од општината. За водоводната мрежа Град Скопје издвои 21 милион денари, додека за реконструкцијата на улицата Општина Аеродром издвои 15 миниони денари – кажа градоначалникот Трајановски.Првиот мост е на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.
– Мостовите ќе се изградат