Во Берово официјално беше означено отпочнувањето на реализација на еден од најголемите проекти кои ќе се реализираат на територијата на Општина Берово и Пехчево, Проектот “Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово и Општина Пехчево”.
На свеченото отварање свое обраќање пред присутните имаа заменик министерот за Животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, Никола Бертолини – претставник од Делегацијата на Европската унија како и градоначалниците на Берово и Пехчево Драги Наџински и Игор Поповски.
-Проектот е дел од програмата на Владата на Република Македонија за оваа година и особено се радуваме на тоа што функционирањето на канализационите мрежи на Берово и Пехчево ќе се спои во заеднички колектор и пречистителна станица – истакна заменик министерот Темелковски.
Проектот се реализира преку ИПА програмата на Европската унија која досега во Република Македонија има вложено околу 100 милиони евра а до крајот на 2020 година оваа поддршка ќе изнесува близу 115 милиони евра.
-Преку фондовите на ЕУ за зачувување на животната средина досега се вложени 100 милиони евра во Вашата држава а до крајот на 2020 година оваа подршка очекуваме да изнесуваат 115 милиони евра што значи дека ЕУ преку овие фондови и тоа како и помага на Вашата земја во ваквите и слични проекти – истакна претставникот од Делегацијата на Европската унија Бертолини.
За двете општини покрај решавањето на проблемот со фекалната канализација овој прокет ќе значи и заживување на реката Брегалница.
-Тоа е заеднички проблем и на двете општини и добрата меѓуопштинската соработка која ја имаме и расте се повеќе и повеќе доведува до тоа да се реализира проект кој за граѓаните на двете општини значи многу, па ќе ја имаме реката Брегалница чиста и жива и нема да биде тоа што досега беше – изјави градоначалникот на Општина Берово Наџински.
-Мораме да напоменеме дека Општина Пехчево се вклучи во проектот бидејќи Пехчевска река е реципиент на канализацијата од Пехчево која минува низ с.Чифлик кое истотака ја испушта фекалната вода во истата река која е притока на Брегалница. Со колекторот го надминуваме овој проблем и го приклучуваме и Пехчево и Чифлик во пречистителната станица со што ќе допринесеме за заштита на животната средина – изјави градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски.
Вкупните средства за реализација на овој проект преку ИПА програмата на ЕУ изнесуваат близу 4 милиони евра, а градежните активности е планирано да завршат до август 2017 година.
На свеченото отварање свое обраќање пред присутните имаа заменик министерот за Животна средина и просторно планирање
Пронајдете не на следниве мрежи: