Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈП „Улици и патишта“ денеска /25.07.2016 година, понеделник/ присуствуваа на почетокот на градежните работи за проширување на улицата Васил Чакаларов во делот пред раскрсницата со улицата Московска.Со реализацијата на овој проект, на кој ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, ќе се овозможи растоварување на сообраќајниот метеж што се создава на оваа раскрсница.
– Наредниов период улицата Васил Чакаларов ќе се прошири за една сообраќајна лента во должина од 100 метри, од страната на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, односно од крстосницата со улицата Московска во насока кон Ѓорче Петров. Исто така, улицата Васил Чакаларов ќе се прошири за една сообраќајна лента во должина од 200 метри, во правец од Ѓорче Петров до раскрсницата со улицата Московска. Со проширувањето, ќе се овозможи непречено вртење во десно во посебна лента на возилата што сега чекаат на крстосницата и прво ги пропуштаат возилата што се движат право, па поради што се создава метеж. Овој проект ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот по оваа улица која е продолжение на булеварот Митропотил Теодосиј Гологанов и претставува една од најважните сообраќајни артерии во овој дел на Скопје – рече градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски кажа дека овој проект е важен за подобрување на проточноста на сообраќајот по овој важен булевар и ќе придонесе за подобрување на животната средина во овој дел на градот.
По проширувањето на улицата Васил Чакаларов со по една сообраќајна лента од двете страни, ќе се оформат и пешачка и велосипедска патека.
За овој градежен зафат Градот Скопје одвои околу 3,5 милиони денари. Со реализацијата на овој проект, на кој ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, ќе се овозможи растоварување на сообраќајниот метеж