Денес (26.11) во Скопје, се одржува првиот Biz Triple Talks форум за модерен општествен развој.Настанот кој започнa во 12 часот во Форца опфаќа три теми: првиот дел е наменет за Социјалното претприемништво и општествената одговорност, како дисциплини кои се делумно разбрани и подпросечно спроведувани од деловниот и невладиниот сектор. Вториот дел е наменет за женското претприемништво, како развојна иницијатива толкувана низ економска, а не феминистичка призма. И третиот дел е тематски насочен кон иновациите во повеќе области: уметност, мода, бизнис, дигитални медиуми и апликации и кон интер – приемачот, страна која ретко кога добива признанија на корпоративно ниво, иако игра клучна улога во развојот и оддржувањето на бизнисите.
На панелите свое обраќање имаат голем број на реномирани говорници од бизнисот и невладиниот сектор.
Покрај панел дискусиите организаторите најавуваат и модна ревија на дизајнерката Олгица Ѓоргиева, поддржана од Inner Wheel Club од Скопје во соработка со здружението Борка, менторски средби со панелистите, модна работилница во организација на порталот Stylist.mk, како и коктел забава.Biz Triple Talks е во организација на ПР и маркетинг агенција Honeybiz и консултантската компанија Triple S Group.
Настанот кој започнa во 12 часот во Форца опфаќа три теми: првиот дел е наменет за Социјалното претприемништво и општествената одгов