Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати, денеска /23.04.2016 година/ го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Сарај – 1 фаза, на потегот од храмот „Света Злата Мегленска“ до патот што води кон селото Љубин, во должина од 665 метри.
– Во текот на градежните работи на улицата Сарај ќе се изгребе постојниот и оштетен асфалт, целосно ќе се обнови носечкиот слој и ќе се нанесе нов асфалтен слој. Со проектот е предвидено и да се прередат бекатон-плочките на тротоарот, како и да се нивелираат шахтите и сливниците. Градот Скопје за овој зафат ќе одвои околу 5 (пет) милиони денари, а на терен ќе работат градежниците на „Пелагонија“ АД Гостивар. Реконструкцијата на улицата треба да заврши за 60 работни денa. Реконструкцијата на улица Сарај, како една од најважните сообраќајници во општина Сарај, е од големо значење и ќе ја зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел од Градот, изјави Градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Трајановски ја потенцираше добрата соработка со општина Сарај и истакна дека Градот Скопје и понатаму ќе продолжи со реализција на проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните во општина Сарај.
Градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати истакна дека реконструкцијата на улица Сарај е проект од големо значење за општината и ја потенцираше одличната соработка со Градот Скопје.
Во текот на градежните работи на улицата Сарај сообраќајот ќе се одвива според однапред утврден сообраќаен режим, за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.
Во Градот Скопје се работи и на подготовка на потребната документација за втората и за третата фаза од проектот за реконструкција на улицата Сарај, со чија реализација оваа значајна сообраќајница ќе биде реконструирана и ќе добие нов лик на потегот од храмот „Света Злата Мегленска“ до раскрсницата со локалниот пат – локалитет Матка и клучка Тетово.
– Во текот на градежните работи на улицата Сарај ќе се изгребе постојниот и оштетен асфалт, целосно ќе се обнови носечкиот