Започна со работа амбулантата во село Пештани. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во придружба на директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаноски ја ставија во употреба оваа здравствена установа која ќе дава услуги од примарната здравствена нега. Амбулантата има три простории и чекална.По распишаниот оглас на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување – ФЗОМ, за лекар во оваа амбуланта е избран д- р Сафет Салкоски.Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа.
Градоначалникот Бакрачески оцени дека отворањето на оваа амбуланта е од особена важност затоа што ќе придонесе за сериозно подигнување на достапноста на здравствената заштита која е една од основните начела на Законот за здравствена заштита. Во трите населени места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овој начин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и интервенции за кои нема да имаат потреба да одат во градот.
-Од особена важност за Општина Охрид е овој проект кој е реализиран од Министерството за Здравство и Фондот за здравствено осигурување во Р. Македонија. За нас е особено битно што на овој начин ќе има покриеност и давање на здравствени услуги во сите делови од општината, особено во летните месеци кога бројот на луѓе во овој регион е зголемен за два до три пати. Тоа ќе обезбеди добра можност за сите оние кои имаат здравствени проблеми и имаат потреба од адекватна здравствена нега да ги користат услугите на оваа амбуланта многу побрзо и поедноставно. Секако дека ние сме тука да помагаме на вработените во рамките на оваа амбуланта за полесно да ги координираат и усогласуваат своите активности доколку пациентите понатака имаат потреба од секундарна и терцијална здравствена заштита во здравствените установи на ниво на Општина Охрид. Знаете дека нашата општина на здравствената мапа во државава спаѓа во регионите кои имаат развиена мрежа на здравствени установи и од примарна и од секундарна здравствена заштита така што со отворањето на оваа амбуланта во рурална средина се надополнува сликата за развиеноста на мрежата на здравствени установи во овој регион. Со ова го запазуваме принципот на рамномерна застапеност на здравствената нега во сите региони во рамките на Општина Охрид- подвлече Бакрачески.
Според директорот на ФЗОМ , Сашо Стефаноски остварено е ветувањето кое што Владата го даде пред граѓаните, а тоа е повторното функционирање на матичен лекар во Пештани.
-Го реализираме тоа што е барање на граѓаните. Денеска ја посетивме руралната амбуланта во Пештани којашто почна да функционира при крајот на минатиот месец. Договорот со фондот е склучен на 25 јули, веднаш е потпишан со докторот и е отворена ординацијата. Тоа значи дека повеќе од 3 000 граѓани кои гравитираат на овој регион ќе имаат можност навремено да бидат згрижени и да им бидат пружени здравствени можности.Целта на ваквите заложби е резулатат на огласот кој беше објавен за сите доктори коишто сакаат да работат во рурални средини и да склучат договор со ФЗО.На тие конкурси имаа право да се пријават сите доктори на медицина коишто сакаат да работат како матични лекари. Руралната амбуланта во Пештани е првата амбуланта којашто ја завршивме и формално правно е потпишан договор со нејзе и е почната да работи, но во процедура се уште 6 рурални амбуланти, рече Стефаноски.
ФЗОМ ќе го стимулира отворањето на руралната амбуланта во Пештани со 60.000 денари месечно до први јули, а потоа ќе издвојува по 66.000 денари, што ќе биде и минималниот загарантиран износ кој ќе го добива оваа здравствена установа за одржливо работење. Доктор Сафет Салкоски кој ќе работи во амбулантата е презадоволен од ваквите владини стимулации.
-Ќе работам со полно работно време како матичен доктор. Иницијативата за отворање на амбулантата доаѓа од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување при Р. Македонија. Финансиската стимулацијата од 66 до 90. 000 денари која ја дава Владата ме мотивира да конкурирам на огласот и да ја добијам работата во Пештани – вели д-р Салкоски.
Мештаните презадоволни од отворањето на амбулантата се заблагодарија за овој битен проект.
Се заблагодарувам на Владата на Р. Македонија и на надлежните служби кои ја отворија оваа амбуланта. Три години во селото немаше матичен доктор. Се заблагодаруваме на оваа можност и веруваме дека ќе бидеме добро згрижени- рече Кире Џалески од МЗ Пештани.
Отворањето на ваквите амбуланти е насушна потреба откако во 2005 година по направената приватизацијата, еден поголем дел од овие рурални амбуланти останале напуштени.
Извор: www.ohrid.gov.mkПо распишаниот оглас на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување – ФЗОМ, за лекар во оваа амбуланта е избран д- р Сафет Салк