Вчера во Кривогаштани започна со работа новиот добиточен пазар кој што е иинвестиција тешка 300.000 пари обезбезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Инаку ова е еден од најсовремено уредените добиточни пазари во Македонија.„Ова е фактички првата фаза од изградбата на сточниот пазар. Општина Кривогаштани има во план во наредните години со нов повик преку Агенцијата да ја реализира и втората фаза од изградбната на пазарот, што ќе опфати уште поголем број на боксови како и мини кланица за потребите на лицата кои ќе ја носат тука стоката. Планираме покрај тоа во втората фаза да се направи и еден специјален бокс и за живина. Што комплетиирано со новиот зелен пазар чија изградба ќе започне наскоро, а кој ќе се наоѓа веднаш до сточниот пазар, ќе се добие еден целосен комплекс кој ќе го користат сите жители на Македонија и пошироко“, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Од општина Кривогаштани велат дека од наредната година на овој сточен пазар било планирано да се организираат и саеми за стока, каде би се изложувале примероци не само од Македонија, туку и од околните балкански држави.
„Самиот сточен пазар располага со 37 боксови за крупна стока со капацитет од 170 грла и тоа крупна стока или 240 телиња. Располага со 20 бокса со капацитет од 200 грла овци и 20 бокса со капацитет од 20 грла свињи“, рече Благоја Христоски, директор на ЈП „Пелагонија“ – Кривогаштани.
На првиот ден од неговото отворање, пазарот беше преполн и сточарите бараа место повеќе каде да ги сместат животните кои ги продаваат. Тие се задоволни од тоа како е изграден пазарот.
„Пазарот како што гледате во Кривогаштани е топ, преполн е. Има една нормална цена која се движи од 95 до 105 денари за килограм. Претежно народот е задоволен, нема засега подобра цена. Инаку пазарот е добар, супер е уреден, со боксови, покриен е“, велат дел од сточарите.
Од јавното преприијатие „Пелагонија“ од Кривогаштани велат дека секое животно кое се носи на пазарот мора да има ушна маркица, пасош за идентификација и издадено здравствено уверение од надлежното ветеринарно друштво. Без тие документи немало да биде дозволен влез на животно на сточниот пазар.„Ова е фактички првата фаза од изградбата на сточниот пазар. Општина Кривогаштани има во план во наредните години со нов повик преку Агенција

Започна со работа новиот сточен пазар во Општина Кривогаштани
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...