Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски денеска /22.08.2016 година, понеделник/ извршија увид во активностите на терен во населеното место Сингелиќ, каде на поголем број на локации се врши тампонирање на улиците кои беа оштетени при големата поплава која го зафати Скопје и скопскиот регион на 6-ти август.- Тука сме во населеното место Сингелиќ, поточно во реоните 6 и 7 каде се извршува тампонирање на улиците кои беа оштетени по поплавите. Во наредниве неколку денови ќе се работи на средување на улиците и нивно тампонирање, со цел истите да се санираат да бидат во проодна состојба. Во рамки на стратегијата на кризниот штаб, Сингелиќ беше поделен на 14 реони и имаше 28 координатори, кои помагаа во координирање на активностите на терен за надминување на последиците од катастрофалното невреме и поплави. Со големи напори и одлична организација, во Сингелиќ во моментов се исчистени сите улици, ѓубрето е во најголема мерка исчистено и целосно е исчистена привремената депонија којашто беше лоцирана во дворот на основното училиште. Поради почетокот на училишната година, оваа локација повеќе нема да се користи и доколку има потреба од траспортирање на ѓубре и градеѓен шут, истото да се прави до депонијата кај клучката во Стајковци, каде потоа истото ќе се транспортира до депонијата Дрисла – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Трајановски упати благодарност до ангажманот на 28-те координатори во Сингелиќ кои имаа големата улога во справувањето со ситуацијата и враќањето на состојбите во нормала. Тој упати и апел до граѓаните за трпение во процесот на санација на улиците, велејќи дека истите се тампонираат по приоритетна потреба и сите улици ќе бидат опфатени со оваа акција.- Тука сме во населеното место Сингелиќ, поточно во реоните 6 и 7 каде се извршува тампонирање на улиците кои беа оштетени по поплавите.