Согласнo неодамна потпишаниот договор за јавно приватно партнерство помеѓу Општина Ресен и турската компанија Џемдаг , од вчера во Ресен започна реализирањето на Проектот за реконструкција, модернизација, надградба и одржување на системот за јавно осветлување во Општина Ресен.Приватниот Партнер започна со менување на живините и натриумови сијалици на делот на улица Корчуланска и на влезот на Град Ресен од страна на Битола со нови современи ЛЕД диоди кои ќе гарантираат заштеда на електричната енергија од минимум 60%.
Според Градоначалникот Стрезовски се очекува во наредните 2 месеци да бидат заменети сите 2400 сијалици од уличното осветлување во Општина Ресен со што ќе се овозможи поквалитетен сервис кон грачаните кој треба да генираа заштеди од кои ќе се исплатува инвестицијата.
Инаку Договорот во висна од 1 250 000 евра е воспоставен на рок од 15 год., при што приватниот партнер ќе инвестира во замена и надградба на системот и за тој период ќе го одржува системот, ќе формира кол- центар каде граѓаните ќе ги пријавуваат евентуалните дефекти на системот, а кои според Договорот ќе се отклонуваат во рок од 48 часа.
Во истиот контекст, предвидена е и надградба на системот за улично осветлување на влезовите во Ресен од правец на Царев Двор и Јанковец.
Приватниот Партнер започна со менување на живините и натриумови сијалици на делот на улица Корчуланска и на влезот на Град Ресен од страна на Битол