Во спортската сала “Македонски Бранители“ во Берово започнаа Спортските игри во мал фудбал помеѓу институции и правни субјекти од Берово и Пехчево со одигрување на натпреварите од првото коло на турнирот.Во духот на спортот и фер игра, четвртите по ред спортски игри кои се под покровителство на градоначалникот на општина Берово, во првото коло понудија фер и одлични 5 натпревари со одлична игра и спортски дух.
На овогодинешните игри учествуваат 11 екипи кои ќе играат во бод систем, и за најдобрите три екипи се обезбедени парични награди и пехари од покровителот, додека награди и дипломи ќе бидат доделени и за најдобар играч на турнирот, најдобар голгетер на турнирот, најдобар голман на турнирот и ветеран на турнирот.
Во првото коло од игрите беа одиграни следните натпревари:
1.Такси возачи – Општина Берово и ПСШ “Малешево“ – 0-9
2.ПС-ОН Берово – АРМ Гарнизон, Штип – 2-0
3.Бензински пумпи – ЈПКР “Услуга“, Берово – 3-2
4.Здружение на приватни фирми – Угостителски работници – 1-2
5.Гранична полиција – Жито Малеш1 – 1-4
Слободна екипа во првото коло беше Фагус, Пехчево
Второ коло ќе се одигра во петок на 26.02.2016 година со почеток во 18 часот со следните натпревари:
1.Угостителски работници- Гранична полиција
2.ЈПКР “Услуга“-Здружение на приватни фирми
3.АРМ Гарнизон, Штип- Бензински пумпи
4.Општина Берово и ПСШ “Малешево- ПС-ОН Берово
5.Фагус – Такси возачи
Слободна екипа во ова коло е екипата на Жито МалешВо духот на спортот и фер игра, четвртите по ред спортски игри кои се под покровителство на градоначалникот на општина Берово, во првото коло понуд