Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, пратеници во Собранието на Република Македонија, поголем број на членови на Советот на Град Скопје, директори на јавни претпријатија на Република Македонија и Градот Скопје, денеска /05.12.2015/ присуствуваа на почетокот на градежните работи на првата фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош”.- Во првата фаза новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до после крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1000 метри. Новиот булевар ќе биде со вкупна ширина од 40 метри, каде истиот ќе се состои од 6 сообраќајни ленти, велосипедски и пешачки патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило. На новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” ќе биде поставена нова водоводна мрежа, нова атмосферска канализација со профил од Ф 600, како и изградба на нова и реконструкција на постоечката фекална канализација. На новиот булевар ќе биде поставено ново улично осветлување, каде ќе се постават 76 столба во висина од 10 метри, а ќе биде поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација. За реализацијата на првата фаза на овој капитален проект, Град Скопје ќе издвои 160 милиони денари или околу 2,6 милиони евра, додека градежните работи ќе траат 13 месеци, кажа градоначалникот Трајановски.
Претседателот на Владата на РМ Груевски го поздрави почетокот на градежните работи на овој важен проект со кој значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во овој дел од Скопје.
– Со изградбата на новиот булевар „Христијан Тодровски Карпош“ ќе се даде нова сообраќајна алтернатива за жителите на Бутел, бидејќи сега се создава сообраќајно згустување и метеж на улицата „Бутелска“. Со изградбата на овој булевар ќе се надмине оваа состојба и е вистинско решение за сообраќајните проблеми за жителите на Бутел, Чаир, Радишани и Чучер Сандево, а воедно ќе се добие и ново поврзување со обиколницата, кажа Премиерот Груевски.
За реализацијата на првата фаза на овој капитален проект, Град Скопје ќе издвои 160 милиони денари или околу 2,6 милиони евра, додека за експропријација и расчистување на имотно-правните односи на трасата за двете фази Град Скопје издвои дополнителни 1,6 милиони евра.
Со реализацијата на овој проект, Градот Скопје ќе добие уште една нова, модерна сообраќајница, која ќе биде од големо значење за подобрување на сообраќајните врски и зголемување на безбедноста во сообраќајот.- Во првата фаза новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна