Компанијата „Нордеус“, која стои зад најпопуларната спортска онлајн-игра на светот „Top eleven – Be a football manager“, на 13 декември во Белград го организира 4-тиот по ред „Нордеус хакатон“ натпревар во брзо програмирање видео игри. Предизвикот е да се направи игра во рок од 24 часа, во просториите на „Нордеус“ во Белград, да се покаже талент и креативност, и да се добијат вредни награди. Вкупниот награден фонд изнесува над 10.000 евра!На 13 декември, Белград, во просториите на компанијата „Нордеус“ програмерите и дизајнери на видео игри од Македонија и од регионот имаат ретка можност да учествуваат во хакатон натпревар, да се забавуваат, да покажат знаење и креативност, но и способност за работа под притисок. Сите натпреварувачи, односно тимови, добиваат сопствен простор за работа, како и опрема, храна, пијалоци и друго, но и можност во текот на 24 часа, кога ќе посакаат да се одморат, да се опуштат играјќи видео игри, билијард или нешто друго што ќе биде обезбедено во собата за релаксација.
На зададена тема која ќе биде откриена на денот на натпреварувањето, ќе се натпреваруваат 12 предходно избрани тимови, кои ќе треба да создадат видео игра, а по 24 часа истата да ја презентираат. Жирито ја донесува одлуката за победниците во категориите, но и на целокупното натпреварување. Категориите во кои ќе бидат доделени награди за првите три места се мултимедијална презентација, техничка комплексност и гејмплеј.
Сите тимови или поединци кои сакаат да се пријават треба да одат ОВДЕ, каде што ќе пронајдат и повеќе детали за натпреварот. За сите македонски тимови кои ќе бидат избрани за натпреварот обезбеден е бесплатен превоз и сместување во Белград. Интересно е тоа што минатата година првото место го освоија студентите од ФИНКИ.
Победниците ќе освојат многу вредни награди за својот труд и знаење, меѓу кои се и таблети, мобилни телефони, конзоли за играње, опрема за играње и друго. Освен тоа, главната задача на хакатон е да покаже дека и во нашиот регион постојат многу талентирани програмери и дизајнери кои не заостануваат позади колегите ширум светот.
Гледачите ќе може да го следат настанот преку пренос во живо на официјалната интернет- страница, каде што ќе биде пренесувано отворањето, демонстрацијата на игрите, прогласувањето на победниците и затворањето, но и периоди помеѓу. На интернет- страницата редовно ќе се прикачуваат фотографии, а самите игри ќе бидат достапни за преземање и проба. Гејмерите и останатите гледачи ќе може да гласаат за омилената игра, а тимот со најмногу гласови добива посебна награда.
За повеќе информации за „Нордеус“ одете ОВДЕ, а за останатите информации во врска со хакатонот одете ОВДЕ или пишете на [email protected].
Еве како тоа изгледаше минатата година: https://www.youtube.com/watch?v=dvfaB4gJNXUНа 13 декември, Белград, во просториите на компанијата „Нордеус“ програмерите и дизајнери на видео игри од Македонија и од регионот има